Што е coffee nap, новиот необичен ритуал за поголема енергија во денот?

Брзиот начин на живот нé тера постојано да бараме трикови кои ќе нé држат будни и сконцентрирани и ќе ни дадат повеќе енергија.

shto-e-coffee-nap-noviot-neobichen-ritual-za-pogolema-energija-01.jpg

Најчесто повеќето луѓе немаат доволно време за попладневна дремка која докажано го освежува целиот организам, па кафето е еден од најпопуларните ритуали за моментално зголемување на енергијата.

Што кога овие две нешта ќе се спојат, но не на начинот на кој мислите? Се чини дека формулата за повеќе енергија се криела во редоследот на овие две нешта, односно прво кафе, па дремка.

Coffee nap е името на овој најнов ритуал кој има делотворен ефект кај оние што го пробале. Според истражувањата, ако се напиете една шолја кафе и потоа поспиете 30 минути, нивото на енергија значително се зголемува, отколку ако кафето го испиете по дремката.

shto-e-coffee-nap-noviot-neobichen-ritual-za-pogolema-energija-02.jpg

Необичниот спој веќе ги освои и најголемите скептици, па станува сé попопуларен низ светот. Сепак, овој тренд не треба да го практикувате ако имате проблеми со желудникот. Во таков случај е подобро кафето да го замените со зелен чај.  

М.В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Хрватска искрена на Инстаграм: „Носиме износена облека 90% од денот, дома ни е хаос, а храна... „Животот не треба да биде совршен и филтриран. Потсети се како навистина изгледа...
18 луѓе чиј работен ден е (сигурно) полош од вашиот „Донесов мафини на работа за да почестам за роденденот. И тогаш дознав дека ме о...
Препарирани животни како украси, гости со морничави маски: Бизарни фотки од легендарниот бал на Ротш... Во 1972 година, наследничка од семејството Ротшилд организирала „надреалистичен ...
Моќта на датумот 11.11 и како да го искористите позитивното влијание на четирите единици (според нум... Деновите како 11 ноември, кога се формира низата 1-1-1-1, во нумерологијата се с...

Најчитани неделава