3 реченици кои ќе ви помогнат полесно да ги пребродите кризите

Кога се соочувате со криза, без разлика дали станува збор за преболување на раскинувањето, болест или ваши лични проблеми, тешко е да гледате на позитивната страна на животот.

3-rechenici-koi-kje-vi-pomognat-polesno-da-gi-prebrodite-krizite-01.jpg

Се чувствувате како секој  ден да тонете подлабоко и како никогаш да нема излез од ситуацијата. Но, секогаш постои начин да ја одберете среќата, наместо тагата.

Кажувајте си ги овие едноставни 3 реченици секој ден за да можете полесно да ги пребродите тешките мигови:

Свесен/а сум и го прифаќам ова што ми се случува

Дајте си сами себе до знаење дека свесни сте како стојат работите и дека ќе ви треба време за да излезете од кризните моменти. Прифатете ја ситуацијата каква што е, но обидете се барем малку да ги смените работите за да се чувствувате подобро.

Многупати досега сте прочитале дека медитацијата помага, па колку и да ви изгледа смешно или невозможно, пробајте да го задржите внатрешниот мир и да поминувате време во тишина, сами со себе, за да можете свесно и разумно да им пристапите на тешкотиите.

Отворен/а сум и прифаќам промени

Кризите знаат да донесат страв од непознатото и од тоа што ќе се случи во иднина. Вие не можете да контролирате по кој пат ќе ве одведат животните околности, но можете без страв и со отворени раце да им кажете „да“ на промените кои се неминовни. Некои промени кои тргнале на лошо подоцна сфаќате дека всушност биле за ваше добро.

Останете смирени и со оптимистичен пристап кон секој нов ден.

Благодарен/а сум за секој нов ден

Колку и да ви е тешко, и да се чувствувате безнадежно, знајте дека од сето ова ќе излезете како победник. Практикувајте благодарност секој ден. Едноставно, кажете си дека сте си благодарни самите себе што сте стигнале до овде и што се борите и не се откажувате од подобро утре.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
Тргнала на пат низ Америка со свршеникот, но тој ја убил и се вратил дома: Трагичната судбина на Габ... Габи Петито тргнала на патување од сништата со нејзиниот свршеник – сакале да ја...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...

Најчитани неделава