Што е Каизен, јапонската техника за поголема продуктивност и самодоверба?

Се чини дека Јапонците ги знаат сите тајни за среќен живот. Нивните техники се едноставни, без многу компликувани нешта што треба да ги правите и токму затоа делуваат.

shto-e-kaizen-japonskata-tehnika-za-pogolema-produktivnost-i-samodoverba-01.jpg

Најновата техника која го освои светот се нарекува „каизен“ и претставува вежба која ќе ви помогне полесно да ги поминувате секојдневните препреки и потешкотии.

Ова мудро правило се состои од правење на некоја активност само една минута во денот, секој ден, во истото време. Резултатите нема да ги забележите веднаш и затоа треба да бидете истрајни и да практикувате каизен подолг период.

Активноста која ќе ја одберете треба да биде нешто што сакате да го правите, на пример, правење склекови, скокање јаже, читање книга или списание и слично. Со тоа што ќе посветите една минута во денот на нешто, секој ден и во истото време, го тренирате умот да мисли дека сте ја постигнале целта во денот, а на тој начин ќе станете помотивирани за нешто повеќе.

shto-e-kaizen-japonskata-tehnika-za-pogolema-produktivnost-i-samodoverba-02.png

Оваа интересна техника се препорачува за сите, но најмногу за оние кои често ги одлагаат работите и се пасивни кога треба да се преземе нешто.

Целта е да стекнете добри навики полека, но сигурно и да почнете повеќе да верувате во себе и своите способности. Исто така, кога ќе стекнете дисциплина за вакви мали работи, ќе можете полесно да се справите со поголеми предизвици.

Не заборавајте да си се заблагодарите самите на себе за секој успешен чекор, колку и да ви изгледа мал и безначаен.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 ситуации кога луѓе бараат помош со Фотошоп, а крајниот резултат е пресмешен „Бев нервозен кога ја запросив девојката и ја зедов кутијата наопаку. Ве молам п...
Убил над 20 луѓе, додека бил информант под заштита: Детали за случајот кој е „најголем срам“ за ФБИ Скот Кимбал успеал да изманипулира неколку ФБИ агенти и да стане нивен доверлив ...
Најчитани интервјуа на CRNOBELO во 2025: Љубовни приказни, успешни Македонци во странство, животни б... Меѓу патувачките и животните приказни на Македонците, од кои дел се јавни личнос...

Најчитани неделава