Реалност vs. Инстаграм: Блогерка преку фотки по бикини ја покажува разликата

Ништо не е така како што луѓето очајно се обидуваат да го престават на социјалните мрежи. Карина Ирбу, блогерка за фитнес и сопственичка на компанија за продажба на костими за капење од Австралија, преку нејзините фотки сака да го докаже токму тоа.

realnost-vs-instagram-blogerka-preku-fotki-od-bikini-ja-pokazhuva-razlikata-01.jpg

Таа реши да си поигра со своите следбеници на Инстаграм и сподели фотка на која позира во бикини, со и без Фотошоп.

На фотката која е правена со Фотошоп, кожата на Карина е измазнета, задникот е зголемен, стомакот е вовлечен, целулитот не се гледа и градите се поголеми.

realnost-vs-instagram-blogerka-preku-fotki-od-bikini-ja-pokazhuva-razlikata-02.jpg

„Секој ден гледам девојки кои споделуваат нереални фотки на Инстаграм профилите, а не се свесни дека има илјадници млади девојки кои ги гледаат како пример и им се воодушевуваат.

А, вистината е дека овие Инстаграм девојки воопшто не изгледаат така во реалноста. Тие се обични, како сите нас“, вели Карина. Карина и претходно има споделено фотка без да ја средува во Фотошоп, со истата цел.

Нејзината порака гласи: „Девојки, не сме тука за да се натпреваруваме една со друга. Само сакам да ве инспирирам да се сакате такви какви што се, да не верувате на лажните фотки и да не го сфаќате Инстаграм премногу сериозно“.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Жена од Хрватска искрена на Инстаграм: „Носиме износена облека 90% од денот, дома ни е хаос, а храна... „Животот не треба да биде совршен и филтриран. Потсети се како навистина изгледа...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...

Најчитани неделава