Има надеж: 5 начини да го поправите лошиот прв впечаток

Првиот впечаток е важен, а во некои ситуации во животот може да биде и пресуден. Секому му се случило да направи некоја грешка кога се запознава со некој, обично од трема или премногу мислење како ќе тргнат работите.

ima-nadezh-5-nachini-da-go-popravite-loshiot-prv-vpechatok-01.jpg

За среќа, постојат начини да се „извадите“ од незгодната ситуација и да го поправите лошиот прв впечаток.

Прочитајте ги во продолжение:

Ако сте делувале нападно...

Понекогаш, вашата отвореност и самодоверба може да се протолкува како претерана зборливост, па дури и агресивност, особено ако постојано зборувате и не дозволувате некој друг да каже нешто.

Кога следниот пат ќе се сретнете со таа личност, опуштете се и дозволете друг да го води разговорот. Покажете заинтересираност за она што другиот има да го каже и така ќе направите да се заборави лошиот прв впечаток.

Ако сте кажале нешто неумесно...

На сите ни се случува од нервоза или трема да кажеме нешто што не треба. Ако сте кажале нешто неумесно, недолично или пак нешто од кое некој се нашол навреден, најдобро би било веднаш да се извините за однесувањето.

Објаснете дека не ви било целта некого да навредите со она што сте го кажале. Но, не претерувајте со извинување бидејќи целото внимание ќе го свртите кон себе. Потоа едноставно променете ја темата на разговор.

Ако сте испиле повеќе...

Првиот впечаток е важен, па ако сте срамежливи, веројатно сте биле во ситуација кога сте мислеле дека алкохолот ќе ви помогне. Но, и тука треба да ја знаете границата.

Ако вашето однесување било нападно, сите очи биле вперени во вас и сте ја преминале границата на пристојното, најдобро решение е да се извините. Бидете искрени и признајте дека сте испиле малку повеќе и дека тоа не е вашето вистинско лице.

Ако сте се облекле несоодветно на пригодата...

Изборот на облека во некои ситуации и не е толку важен, но во некои и тоа како придонесува за добар или лош прв впечаток. Ако не сте знаеле дека има одреден дрес код на некој настан и вашиот избор на облека не бил во склад со тоа, не треба да се извинувате бидејќи не сте биле информирани за тоа.

Сигурно нема да се чувствувате пријатно и ќе привлечете многу погледи кон вас, но тоа сепак не било по ваша вина. За следниот пат ќе знаете и ќе се информирате навреме.

Ако сте делувале ладно поради тоа што сте срамежливи...

Срамежливоста често знае да нè доведе во незгодни ситуации во животот. Сте имале намера да се покажете во едно светло, а сте делувале сосема спротивно од тоа.

Срамежливите луѓе најчесто делуваат ладно и бесчувствително, но тоа воопшто не мора да значи дека се навистина такви. Потребно е време за да го поправите ваквиот впечаток.

Бидете отворени, насмеани и дозволете им на луѓето подобро да ве запознаат. Со тек на време, сигурни сме дека мислењето на другите ќе им се промени.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да оставите добар прв впечаток: Што смеете, а што никако не треба да правите? Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во „рецептот“...
7 погрешни потези поради кои изгледате како неуредна и некултурна личност Тропате со лажицата по филџанот кога ставате шеќер во чајот и носите хулахопки с...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Луѓе споделуваат кој е најлошиот (и најсмешниот) роденденски подарок што го добиле „Татко ми ги одведе моите 3 помали браќа на спортски натпревар на мојот 21-ви ро...
„Готово е со нас, клучот ти е под чергиче“ - Македонците ги откриваат најлошите раскинувања што ги д... Убави раскинувања нема, па затоа ги прашавме Македонците да ни откријат кој е на...
Перфекционизмот може да биде добар за вас на три начини Перфекционизмот најчесто е проследен со негативни ефекти врз вашето физичко и ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg