Колку заработуваат влијателните Инстаграм ѕвезди за еден свој пост?

Онлајн светот напредува со брзина на светлината, па така секој ден се зголемува бројот на таканаречени „инфлуенсери“.

kolku-zarabotuvaat-vlijatelnite-instagram-dzvezdi-za-eden-svoj-post-01.jpg

Тоа се луѓе со голем број на следбеници на Инстаграм кои благодарение на својата популарност, заработуваат од своите постови.

Според Лиса Таргет од Tribe, онлајн пазар каде брендовите се поврзуваат со инфлуенсерите, заработката е различна кај секого.

Ова е нивната статистика за заработката за еден пост според бројот на следбеници:

Од 3.000 до 10.000 следбеници – 56 - 113 евра

Од 10.000 до 25.000 следбеници – 113 – 204 евра

Од 25.000 до 50.000 следбеници – 204 – 284 евра

Од 50.000 до 100.000 следбеници – 284 – 397 евра

Повеќе од 100.000 следбеници – повеќе од 397 евра

kolku-zarabotuvaat-vlijatelnite-instagram-dzvezdi-za-eden-svoj-post-02.jpg

Сепак, бројот на следбеници не секогаш подразбира и поголема заработка. Клучниот фактор е автентичноста, и најголема заработка според Tribe имаат оние кои пишуваат со страст за нешто што го сакаат, а нивните следбеници секогаш можат тоа да го препознаат.

Tribe работи со таканаречени „микро инфлуенсери“ – блогери кои имаат од 3.000 до 100.000 следбеници. Од таму велат дека највлијателните Инстаграм ѕвезди во Велика Британија во просек заработуваат од 124 евра за еден пост, до 680 евра неделно преку нивната платформа.

Освен бројот на следбеници, битен е и бројот на лајкови, коментари и споделувања. Најголема заработка имаат фитнес блогерите и блогерите кои се карактеризираат како „lifestyle“ блогери кои опфаќаат повеќе теми од секојдневниот живот.

kolku-zarabotuvaat-vlijatelnite-instagram-dzvezdi-za-eden-svoj-post-03.jpg

Обично, брендовите бараат инфлуенсери за некоја нивна кампања, ги чекаат нивните идеи и потоа се договараат за содржините кои треба да се објавуваат онлајн.

Инстаграм е платформата која најмногу се користи бидејќи нуди визуелна инспирација која се покажала како најефикасна во маркетинг светот.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава