15 мали начини да искажете благодарност

Сите понекогаш сме заглавени во планирање и исчекување на работите кои ги сакаме и ни се потребни за поубав и поисполнет живот.

15-mali-nachini-da-pokazhete-blagodarnost-01.jpg

Во таа трка за повеќе и подобро, забораваме да ги цениме работите што ги имаме и луѓето кои се покрај нас во секој момент.

Искажувањето благодарност некому нè прави посреќни и нè учи да бидеме задоволни со она што го имаме во моментот.

Освен да подарите цвеќе или едноставно само да кажете „благодарам“, постојат и други мали начини да искажете благодарност:

1. Подарете нешто мало, но од срце, и тоа без посебен повод.

2. Посветете му го целото внимание некому.

3. Вратете му ја услугата на некој што ви помогнал, во моменти кога најмалку очекува.

4. Направете или купете кафе за колегите.

5. Кажете му на некој колку го цените и колку ви значи. Убаво е понекогаш да се слушне тоа.

6. Напишете позитивен коментар или дајте добра оценка на веб-страницата на некое место кое сте го посетиле и сте биле задоволни од услугата.

7. Соберете ги најблиските пријатели и направете им некој вкусен оброк.

15-mali-nachini-da-pokazhete-blagodarnost-02.jpg

8. Не се жалете за сè и сешто.

9. Направете нешто добро за некого без да очекувате ништо за возврат.

10. Оставете бакшиш во рестораните или кафулињата.

11. Донирајте храна или облека за сиромашните.

12. Напишете писмо или кратка порака на хартија во која ќе му искажете благодарност некому.

13. Подарете букет цвеќе, тоа е секогаш добра идеја.

14. Волонтирајте во некоја организација или помогнете во организирање на некои општествени активности или настани во вашиот град.

15. Искажете им благодарност на другите, но не заборавајте на грижата за себе.   

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...

Најчитани неделава