Разлики во образовниот систем во различни земји низ светот

Секоја земја има различни ставови и идеали за образовниот систем, а разликите од една до друга се поголеми отколку што можете да замислите.

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-01.jpg

Некои земји секако имаат подобар образовен систе, а во други пак, може воопшто да не ви се допадне начинот на кој тие го спроведуваат процесот.

Дознајте како функционираат училиштата во 10 различни земји низ светот:

Франција

Академска година: септември-јули

Времетраење на час: зависно од предметот (од 55 минути до 2 часа)

Работна недела: 5 дена (среда – скратен ден)

Испити и полагања: да

Домашни задачи: да

Посебна карактеристика: Децата имаат 2 часа пауза, можат да се вратат дома да ручаат со семејството и е строго забрането користење мобилни телефони.

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-02.jpg

Јапонија

Академска година: април-март

Времетраење на час: 45 минути (помалите), 50 минути (постарите)

Работна недела: 6 дена

Испити и полагања: неколкупати во годината

Домашни задачи: во основно не, во средно да

Посебна карактеристика: Часовите почнуваат во 8.30 и траат до вечер. Нормално е да се оди на дополнителна настава во недела, а одморот (од 20-ти јули – 1-ви септември, од 26 декември – 7-ми јануари и од 25-ти март – 1-ви април) во Јапонија е време кое е одлично за темелно учење...

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-03.jpg

Кина

Академска година: септември-јули

Времетраење на час: 40 минути

Работна недела: 6 дена

Испити и полагања: да

Домашни задачи: да

Посебна карактеристика: Децата неколкупати во текот на наставата прават вежби за енергија и раздвижување, па можеби затоа училишните униформи им наликуваат на спортска опрема.

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-04.jpg

Индија

Академска година: јули-мај

Времетраење на час: 35 минути

Работна недела: 6 дена

Испити и полагања: да

Домашни задачи: да

Посебна карактеристика: Во Индија родителите се многу загрижени за резултатите од полагањата на децата бидејќи сертификатите им отвораат големи можности понатаму, па затоа тие се подготвени на секакви работи за нивните деца да ги добијат.

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-05.jpg

Австралија

Академска година: јануари-декември

Времетраење на час: по одлука на професорите

Работна недела: 5 дена

Испити и полагања: од 3-то одделение, секоја втора година

Домашни задачи: да

Посебна карактеристика: Учебната година е поделена на 4 дела и има 4 паузи: за Велигден (2 недели во април), зимски распуст (2 недели), пролетен распуст (2 недели), летен распуст ( 2 недели).

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-06.jpg

Шпанија

Академска година: септември-јуни

Времетраење на час: 45 минути

Работна недела: 5 дена

Испити и полагања: да

Домашни задачи: не

Посебна карактеристика: Наставниците предаваат на 2 јазика – англиски и шпански (според регионот).

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-07.jpg

Финска

Академска година: август-мај

Времетраење на час: зависно од наставниците

Работна недела: 5 дена

Испити и полагања: не

Домашни задачи: речиси воопшто

Посебна карактеристика: До 2020 година се планира да нема класични часови и денот да не е поделен на повеќе часови, туку сѐ да биде во едно, а наставниците да ги комбинираат темите.

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-08.jpg

Канада

Академска година: септември-јуни

Времетраење на час: 85 минути

Работна недела: 5 дена

Испити и полагања: да

Домашни задачи: зависи

Посебна карактеристика: Училишниот ден започнува во 8.15 часот, но ова не е задолжително за сите. Од 8.15-8.45 може да се дискутира со наставникот за проблемите или учениците да поставуваат прашања.

razliki-vo-obrazovniot-sistem-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-09.jpg

Македонија

Академска година: септември-јуни

Времетраење на час: 45 минути

Работна недела: 5 дена

Испити и полагања: да

Домашни задачи: да

Посебна карактеристика: Наставата во одредени училишта се одржува во 2 смени, првата смена започнува во 8:00 часот или 7:30, а втората од 14:00. Учениците редовно имаат тестови и испрашувања за проверка на знаењето, а имаат 2 распуста - еден зимски и еден летен.

razliki vo obrazovniot sistem vo razlichni zemji niz svetot 009

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава