Објавувате премногу фотки: Причини заради кои не им се допаѓате на луѓето

Постојано се фалите колку ви е прекрасен животот и кои познаници ги имате што би можеле да ви завршат работа во секое време.

top 5 raboti shto pravat da ne im se dopagjate na lugjeto 01

Некои ваши навики може да направат да ги нервирате луѓето. Ако постојано се фалите што сте постигнале во животот, па каде сте биле и кого сте запознале, а кога минувате во лош период само ги криете емоциите, тогаш не сте им допадливи на луѓето.

Еве кои работи што ги правите ги нервираат луѓето:

Споделувате премногу фотографии на социјалните мрежи

Истражување направено со корисници на Facebook покажа дека прикачувањето на многу фотографии може да ги оттуѓи луѓето од вас.

Со прикачувањето на многу фотографии од семејството може да ги оддалечите пријателите, а пак со прикачување на премногу фотографии од пријателите може да го оддалечите семејството. Зачувајте некои фотографии само за себе.

Поврзување со некоја личност за одредена придобивка

Фразата „Но знаеш ли јас со кого се познавам?“ не ви оди во прилог.

Поврзувањето со одредена личност и постојаното нагласување на тоа за да си дадете значење, ќе направи да ѝ станете одбивни на околината. Таквото однесување изгледа манипулативно.

Фалење

Повеќето луѓе кога одат на интервју кажуваат работи од типот: „Јас работам премногу“ или „Јас можам да се снајдам во апсолутно сѐ“.

Токму ваквото фалење може да биде контрапродуктивно, откри едно истражување на Харвард. Да покажете некоја слабост не е страшно.

Криење на емоциите

Група истражувачи им покажувале на студентите две различни видеа со лицето од некој актер.

Во едниот тип на видео актерот покажувал емоции додека имало среќни или тажни сцени од филмот, додека во другиот тип останувал рамнодушен.

Студентите го оцениле актерот многу подопадлив во емотивното издание.

Не се смеете

Истражување направено со 100 студенти покажа дека без разлика како луѓето позираат, доколку имаат насмевка на лицето, тие се подопадливи.

Исто така, докажано е дека смеењето на првата средба прави полесно да ве запомни соговорникот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...

Најчитани неделава