Ситница на лицето открива дали насмевката е искрена

Колку пати на ден ви се случило да се фатите како му се смеете некому само од култура?

sitnica-na-liceto-otkriva-dali-nasmevkata-e-iskrena-01.jpg

Насмевката е визуелна експресија на позитивна емоционална состојба, како радост, среќа, олеснување. Но во некои пригоди може да биде предизвикана и од спротивни емоционални состојби, како срам, извинување, збунетост или пак смеа од култура.

Децата се смеат многу почесто од возрасните. Просечно дете се смее од 300 до 400 пати на ден, во споредба со возрасен човек кој се смее само 15 до 20 пати дневно.

Насмевката се користи и како сигнал за припадност кон некоја група – таа сигнализира прифатеност и позитивна интеракција со другите. Понекогаш се доживува дури и како заразна, па смеата на некои луѓе предизвикува позитивна повратна реакција кај другите.

Проучувањето на смеата и хуморот и нивното психолошко и физиолошко влијание на човековото тело се вика гелотологија.

Дали нечија насмевка е искрена, открива една ситница на лицето, односно дали некој има искрена насмевка можете да препознаете во само три секунди.

Кај личноста која искрено се смее, се појавуваат брчки околу усните и очите. Кога насмевката е вештачка се појавуваат брчки само околу усните.

Исто така, кога човек го зафаќаат силни искрени чувства очите му се навлажнуваат и мора да голта повеќе плунка.

Ако нема ниту една од овие работи, тогаш значи насмевката не е искрена.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...

Најчитани неделава