И да врне и да вее и бура да коси - зимска јакна не мора да се носи (фото)

Зима, синоним за дебели јакни, шалчиња, капи и ракавици. Додека сме натрупани со слоеви и слоеви облека, некои луѓе имаат поинаква идеја за тоа како треба да бидете облечени во зима.

Zimska-jakna-ne-mora-da-se-nosi-01.jpg

Една од нив е Галина Кутејева, жител на градот Тољати кој е лоциран во Сумарската област во Русија.

Оваа жена чија храброст велат дека се граничи со лудост одбива да носи топла зимска јакна. Наместо тоа, преферира да се шета во оскудна тенка летна облека, босонога и со сандали.

Таа вели дека нејзините најблиски се веќе навикнати на нејзиниот обичај да шета оскудно облечена и боса, но оние коишто не ја познаваат постојано ѝ нудат превоз до дома или ѝ фрлаат марамчиња врз нејзините раменици со цел да се стопли.

Zimska-jakna-ne-mora-da-se-nosi (1).jpg

Но, Галина тврди дека не ѝ е ладно. Причината која ја натерала да се движи наоколу полуоблечена дури и кога е студено е борбата со ракот на дебелото црево.

Галина не сакала да поверува во дијагнозата и немала намера да се откаже без борба. Во консултации со д-р Макаров кој е предводник на школата за долговечност, Галина научила да не се плаши од студот, бидејќи тој прилично добро влијае врз зајакнувањето на имунитетот и издржливоста на телото.

Zimska-jakna-ne-mora-da-se-nosi (2).jpg

Таа почнала да се ослободува од своите алишта едно по едно и да се приспособува на нејзиниот нов начин на живот. Една година подоцна го повторила тестирањето и немало никакви знаци од ракот.

Дали навистина тој постоел или Галина успеала да го излечи со помош на техниката на д-р Макаров останува нејасно, но таа е убедена дека му го должи својот живот токму нему.

Zimska-jakna-ne-mora-da-se-nosi (3).jpg

„Станав потполно друга личност. Верувам дека болестите ни се пратени како казна, бидејќи се обидуваме да живееме нечиј туѓ живот. Сега сум поинаква. Немам повеќе потреба да одам во болници. Со сигурност ќе живеам подолго од 100 години, без болести, долго и среќно. Со бистар ум и добра меморија“, завршува Галина.

Zimska-jakna-ne-mora-da-se-nosi (4).jpg

Учењето на Макаров се однесува на здравје и долговечност со различни методи. Тој има програма за подмладување, одење на колена и позитивен став кон животот. Mеѓу другите работи тој препорачува телото да се навикне да функционира на пониски температури.

Макаров препорачува движење со помалку облека на себе, туширање со ладна вода и пливање во ледени замрзнати води.

Овие процеси ја подобруваат терморегулацијата на телото и го зајакнуваат имунитетот, што според Макаров е еден од најдобрите начини да се остане здрав.

Zimska-jakna-ne-mora-da-se-nosi (5).jpg

Zimska-jakna-ne-mora-da-se-nosi (6).jpg

Придобивките од навикнување на студените температури се дискутираат веќе подолг временски период.

Наводно, студеното време овозможува подобрување на здравствената состојба и зајакнување на целото тело. Поретко ќе се разболувате, полесно ќе се адаптирате на новите услови и состојби каде што живеете.

Ќе се ослободите од вишокот килограми и ќе им го вратите тонусот на мускулите.

Доколку ви е тешко да поверувате во сето ова, знајте дека Галина има 54 години.

Zimska-jakna-ne-mora-da-se-nosi (7).jpg

Би го испробале ли овој метод на ладното време или сметате дека е вистинска лудост да се шеташ полуоблечен на минусни температури?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава