Како да преживеете под урнатини + 4 други тактики за во опасни ситуации

Потребни ви се вештини ако некогаш во животот се најдете во некоја неверојатна тешка ситуација во која животот ви е загрозен.

kako-da-se-spravite-pri-napad-od-divo-kuche-plus-4-taktiki-za-prezivuvanje-vo-smrtonosni-situacii-001.jpg

Се надеваме дека никогаш нема да имате шанса да ве нападне диво куче, да ве касне отровна змија, да се изгубите на отворено море, да сте затрупани под урнатини или да лутате сами низ пустина, но, ако ова ви се случи, неопходно е да знаете соодветно да се однесувате.

Шансите за преживување во вакви смртоносни ситуации се 100% во ваши раце, затоа делувајте внимателно:

Ако сте на отворено море

Замислете дека сте среде отворено море на брод. Што да сторите за да преживеете?

- Има храна во морето, но мора да ја фатите. Во 1942 година еден англиски морнар преживеал 133 дена на море затоа што успеал да направи импровизирана трска. Ако вие немате материјал за тоа, искористете ја барем вашата кошула како мрежа, нурнете во водата и уловете некои алги.

- За да имате вода направете дестилатор. Потребни ви се два сада, голем и мал, и парче полиетилен. Ставете ги еден во друг, а во големиот ставете ја нечистата солена вода. Покријте ги со парчето полиетилен и во средината ставете камен. Водата од големиот сад ќе испари, ќе остане на материјалот и ќе се преточи во малиот сад.

- Од топлотен удар човек може да умре побргу отколку од глад. Плус, сонцето се рефлектира од водата и ги оштетува вашите очи. Затоа соблечете дел од облеката и покријте ги вашата глава и очи.

kako-da-se-spravite-pri-napad-od-divo-kuche-plus-4-taktiki-za-prezivuvanje-vo-smrtonosni-situacii-05.jpg

Ако се изгубите во пустина

- Обидете да се движите во текот на ноќта, тогаш температурата може да падне од +50 на +15 °. Така драматично ќе го намалите ризикот од дехидрација и топлотен удар. Со оваа тактика ќе зачувате и до 3 литри вода на ден.

- Многумина веруваат дека има вода во кактусите, но во внатрешноста на кактусот има алкална токсична течност. Ако ја пиете може да се отруете.

- Вода во пустината може да пронајдете во подземни извори, кои може да се лоцирани на мали длабочини под површината.

kako-da-se-spravite-pri-napad-od-divo-kuche-plus-4-taktiki-za-prezivuvanje-vo-smrtonosni-situacii-01.jpg

Ако сте под урнатини

Ако поради земјотрес завршите под урнатини, најдрагоцено нешто ќе ви биде е воздухот. Затоа за да не го трошите залудно, треба да делувате мудро.

- Вдишувајте длабоко, издишувајте бавно. Не палете запалка или кибрит, тоа го намалува кислородот.

- Не плачете. Вресоците ќе ви ја интензивираат паниката, дишењето и срцебиењето, а со тоа и протокот на воздух.

- Соблечете ја маицата и врзете ја околу главата. Ќе ве заштити од гушење од правот.

kako-da-se-spravite-pri-napad-od-divo-kuche-plus-4-taktiki-za-prezivuvanje-vo-smrtonosni-situacii-02.jpg

Ако ве нападне волк или агресивно куче

Волкот или агресивното куче ќе ве нападнат ако им ја загрозите нивната територија. Ако ве забележи, бавно ќе ви се приближи одржувајќи контакт со очите.

- Не вртете му го грбот и не бегајте. Кога е сам тој нема да ве нападне однапред. Бегајќи го провоцирате да ве брка.

- За да го исплашите, направете колку што можете врева и делувајте агресивно. Викајте, зборувајте гласно и полека повлекувајте се назад.

- Ако сретнете глутница волци или агресивни кучиња, тогаш не дозволувајте да ве обиколат. Стојте со грбот до некое дрво и обидете се да се качите на него.

kako-da-se-spravite-pri-napad-od-divo-kuche-plus-4-taktiki-za-prezivuvanje-vo-smrtonosni-situacii-03.jpg

Ако ве касне отровна змија

Ако ве касне отровна змија веднаш целата област започнува да ве боли. Бојата на крвта може да ви стане дури и сина. Ќе имате голем оток, како и главоболка, заматен поглед, вртоглавици, треска. Што да сторите?

- Докторите не советуваат да го исцицате отровот затоа што може да имате ситни ранички на устата и отровот преку нив може да ви влезе во крвта.

- Но, ако сте далеку од болница, тогаш не постои друг излез. Исцицајте го отровот 1,2 секунди по каснувањето, постојано плукајќи и плакнејќи ја устата.

- Не употребувајте тутун за да ја сопрете крвта. Дозволете ѝ на крвта да тече - со тоа ќе излезе и дел од отровот.

kako-da-se-spravite-pri-napad-od-divo-kuche-plus-4-taktiki-za-prezivuvanje-vo-smrtonosni-situacii-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава