Богатство преку ноќ: Случајни откритија на 6 обични луѓе кои им донеле многу пари

Скромно наследство или стар предмет купен на пазар, понекогаш може да крие огромна вредност и да ви го промени животот.

sluchajni-otkritija-na-6-obichni-lugje-im-donesoa-mnogu-pari-01.jpg

Во свет во кој ни станува сè потешко да поверуваме дека чуда навистина се случуваат и дека животот може да ви се промени на подобро за миг, овие приказни ќе ви го разубават денот.

Неколку луѓе ја имале среќата ненадејно да добијат огромно богатство:

Украс купен на пазарот за стари работи

Еден Американец на пазарот за стари работи купил метално јајце со бисери и часовник во внатрешноста за 14.000 долари со намера да го продаде за подобра цена и да заработи.

Но, не пронашол купувач веднаш, па одлучил да го истражи потеклото на овој предмет.

Гледајќи внимателно го пронашол написот Vacheron Constantin на јајцето и со пребарување на интернет открил дека ова е велгиденско јајце порачано од императорот Alexander III од Carl Faberge за неговата сопруга Maria Feodorovna за Велигден во 1887.

Поради својата љубопитност Американецот станал побогат за 33 милиони долари по продажбата на јајцето.

sluchajni-otkritija-na-6-obichni-lugje-im-donesoa-mnogu-pari-02.jpg

Злато на плажа

Одејќи по плажата со метален детектор во близина на градот Баларат во Австралија, трагач по злато, кој бил аматер, открил необичен предмет на длабочина не поголема од 60 сантиметри.

Тој почнал да копа и открил дека станува збор за злато, кое тежело 5.5 килограми.

Вредноста била повеќе од 300.000 долари. Ентузијастот преку ноќ станал богат човек.

sluchajni-otkritija-na-6-obichni-lugje-im-donesoa-mnogu-pari-05.jpg

Скапоцен автомобил во гаража

Во Вајоминг човек си купил убава куќа за 285.000 долари. Во склоп на куќата имало и гаража, но купувачот при разгледувањето не обрнал многу внимание на неа.

Но, најголемото изненадување се криело токму таму. Под слој од прашина имало Ferrari 330 GT од 1966 година во одлична состојба.

Вредноста на автомобилот била проценета на 500.000 долари.

sluchajni-otkritija-na-6-obichni-lugje-im-donesoa-mnogu-pari-07.jpg

Античко богатство во дворот

Во 2009 година еден англиски фармер со детектор за метал во својот двор го барал изгубениот прстен на ќерка си, но тогаш открил низа златни и сребрени предмети од 7-миот век.

Тежината била 7.5 килограми, а вредноста 5.3 милиони долари.

Бидејќи богатството припаѓало на државата, фармерот добил половина од сумата на која било проценето богатството, но и со тоа бил и повеќе од задоволен.

sluchajni-otkritija-na-6-obichni-lugje-im-donesoa-mnogu-pari-04.jpg

Стар стол со огромна вредност

Брачен пар од Шкотска купил стар стол за 5 фунти, но бидејќи немале пари за реставрација, столот го ставиле на таванот и стоел таму 6 години.

Кога конечно одлучиле да го направат, по отстранувањето на дел од ткаенината, пронашле накит со дијаманти.

Во 2016 година проценката открила вредност од 5 илјади фунти.

sluchajni-otkritija-na-6-obichni-lugje-im-donesoa-mnogu-pari-03.jpg

Скромно наследство со богата позадина

Еден француски граѓанин наследил имот во Нормандија. Кога почнал да го средува домот тој нашол низа кутии со злато, чија вредност била проценета на 3.7 милиони долари.

Но, радоста на човекот била намалена кога дознал дека според законите на Франција тој мора да плати данок во износ од 45 проценти од целата сума.

sluchajni-otkritija-na-6-obichni-lugje-im-donesoa-mnogu-pari-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg