Митови за Африка во кои треба да престанеме да веруваме

Африка за нас е далечен континент за кој ретко кој знае нешто повеќе, а уште поретко на некој му паѓа напамет да го посети.

mitovi-za-afrika-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-01.jpg

Многумина веруваат дека таму живеат само племиња и дека е многу небезбедно, но ова нема никаква врска со реалноста.

Митовите кои се шират со години, од колено на колено, ни создаваат многу погрешна слика за многу работи, па така и за овој континент.

Прочитајте неколку митови за Африка во кои треба да престанете да верувате и вистината за нив:

Мит бр.1: Не постои технолошки развој во Африка

На многумина им е познато дека Африка е создадена од земји во развој, но тоа не значи дека на овој континент луѓето живеат во средниот век.

90% од Африканците имаат мобилни телефони, а има и програмери кои создаваат нивни апликации и уреди.

На пример, локалните девелопери создале апликација која им служи на фармерите за препораки во сточарството, како и за информации поврзани со природни катастрофи.

Ви некои земји во Африка исто така се произведуваат и автомобили.

mitovi-za-afrika-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-02.jpg

Мит бр.2: Африка – жешка пустина

Кога ќе се спомне Африка, многумина прво помислуваат на Сахара, па сè ги асоцира на жешка пустина.

Но, покрај пустинскиот дел, постојат и снежни места, како планината Килиманџаро.

А, на некои места во Африка, температурата не надминува 27˚С.

mitovi-za-afrika-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-03.jpg

Мит бр.3: Во Африка живеат само луѓе со темна кожа

Многу луѓе веруваат дека во Африка живеат исклучиво луѓе со темна кожа, но всушност, овој континент е дом за повеќе од милијарда луѓе со секаква боја на кожа.

Мит бр.4: Африка има многу висока стапка на криминал

Постои мислење дека во Африка туристите се изложени на опасност заради високото ниво на криминал.

Но, всушност, туризмот на овој континент е многу развиен – само во Јужна Африка има околу 1.5 милион туристи годишно, а како дестинација е најпопуларна помеѓу туристите од западните земји.

Мит бр.5: Во Африка се живее потпросечен живот

Луѓето очекуваат сместување во шатори и се подготвени да видат многу сиромаштија. Но, всушност, има земји кои живеат под просечното ниво и прилично сиромашно, но има и такви каде економско ниво се разликува многу малку од останатите земји во развој.

Во меѓувреме, некои земји многу инвестираат во туризмот, удобните хотели и рекреативни центри.

mitovi-za-afrika-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-04.jpg

Мит бр.6: Луѓето во Африка живеат во колиби

Често на сликите од Африка гледаме диви племиња и луѓе кои живеат во колиби. Но, градежништвото во големите градови е многу развиено и има многу високи станбени згради, облакодери и бизнис центри.

mitovi-za-afrika-vo-koi-treba-da-prestaneme-da-veruvame-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Митови за изгледот и самодовербата во кои не треба да верувате Нема ништо лошо во тоа имате некој килограм повеќе. Многу поважно е да бидете зд...
Митови за каубоите во кои веруваме поради холивудските вестерн филмови Нивната работа била многу тешка, немале време за конфликти со Индијанци, ниту, п...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
На остров во Африка помал од фудбалско игралиште живеат над 130 луѓе – Како изгледа нивниот живот? (... Островче во езеро во Кенија има помала површина од просечно фудбалско игралиште,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg