Какви типови на интроверти постојат и по што се разликуваат?


Какви типови на интроверти постојат и по што се разликуваат?

Луѓето уште одамна се поделени на интроверти и екстроверти, но некои психолози не се согласуваат со оваа општа поделба.

kakvi-tipovi-na-introverti-postojat-i-po-shto-se-razlikuvaat-01.jpg

Повеќето веруваат дека многу од интровертите исто така се чувствуваат пријатно во друштво на блиски луѓе, но има и такви кои избегнуваат комуникација.

Поаѓајќи од тоа, научниците ги поделиле интровертите на 4 типови, а оваа класификација можеби ќе ви даде одговор на некои прашања.

Дознајте нешто повеќе за интровертите и проверете дали можеби припаѓате во некоја група:

Социјални интроверти

Овие интроверти може да бидат друштвени и комуникативни. Кога се опколени со блиски луѓе, од нив може да произлезе дури и некоја шега.

Според тоа, научниците заклучиле дека социјалните интроверти не се срамежливи, но не сакаат разговарање со голем број луѓе и во бучни средини бидејќи тоа им ја исцрпува енергијата.

Затоа избегнуваат гласни друштва и си ја враќаат силата бирајќи осаменост или најблизок круг на пријатели.

За социјални интроверти важат луѓето кои:

  • Преферираат друштво од неколку блиски пријатели
  • Веруваат дека луѓето не може да имаат многу пријатели
  • Си даваат време да бидат со себе
  • За одмори бираат мирни и тивки дестинации без многу луѓе
  • Се чувствуваат исцрпено после разговор со многу луѓе
  • Може да поминат и неколку денови без никаква комуникација
  • Преферираат да работат сами

kakvi-tipovi-na-introverti-postojat-i-po-shto-se-razlikuvaat-02.jpg

Замислени интроверти

Овие интроверти тешко може да се забележат во средина со многу луѓе бидејќи и тие не забележуваат никој во околината.

Тие со часови може да бидат задлабочени во нивните мисли и да го анализираат нивниот внатрешен свет.

Гледаат на светот низ призма на лични искуства, а емпатијата и развиената интуиција се главни карактеристики за нив.

За замислени интроверти важат луѓето кои:

  • Често се зафатени со анализирање на сопствените искуства
  • Се замислуваат како хероите од омилените книги и филмови
  • Имаат богат и комплексен внатрешен живот и свет
  • Сериозно работат на личниот развој
  • Се проценуваат себеси однадвор
  • Фантазираат за различни ситуации во кои тие имаат улога

kakvi-tipovi-na-introverti-postojat-i-po-shto-se-razlikuvaat-03.jpg

Вознемирени интроверти

Овие интроверти се луѓето кои бараат самотија по секоја цена, бидејќи општеството и другите луѓе ги плашат и вознемируваат.

Често се наоѓаат во чудни ситуации каде не можат веднаш да сфатат што сакаат од нив.

Тие може да бидат анксиозни и загрижени за настаните кои им се случиле во минатото.

Не се строго против комуникација, но избегнуваат контакт заради непредвидливоста и ниската самодоверба.

За вознемирени интроверти важат луѓето кои:

  • Кога влегуваат во средина со повеќе луѓе мислат дека сите ги осудуваат
  • Социјалните вештини не ги гледаат како предност
  • Чувствуваат анксиозност без посебна причина
  • Размислуваат на непријатни настани кои се случиле многу одамна
  • Се вознемируваат за секој неуспех
  • Се соочуваат со стрес дури и во средина со блиску луѓе

kakvi-tipovi-na-introverti-postojat-i-po-shto-se-razlikuvaat-04.jpg

Воздржани интроверти

Овие интроверти не се осамени, туку едноставно е таков нивниот стил -  мерат сè и размислуваат внимателно пред да почнат да работат или да комуницираат.

Потребно им е време да „се загреат“ односно да се приспособат на секоја ситуација, независно дали тоа е излежување пред да станат од кревет или нешто посериозно.

Во комуникација со многу луѓе, не гледаат ништо застрашувачко, но ќе се обидат да го одложат разговорот за секој случај, за да не се одвиваат настаните брзо.

За воздржани интроверти важат луѓето кои:

  • Бараат време за одмор и можност за релаксација за работите да им бидат поедноставни
  • Не мислат дека во животот треба да се проба сè
  • Не потпаѓаат под влијание на емоции или на моментални случувања
  • Не сакаат да ризикуваат и да зборуваат без да размислат
  • Често се изморени без причина

kakvi-tipovi-na-introverti-postojat-i-po-shto-se-razlikuvaat-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 типови на луѓе што ќе ги сретнете во такси Амбициозниот бизнисмен носи префинет костум и постојано зборува на телефон, а те...
Кога луѓето ќе си ја остават културата дома: Типови на купувачи кои им... Домашната култура и воспитување си ги носиме секаде со нас, па во било какви сит...
Типови на луѓе без кои е невозможно да се замисли летниот одмор Летото полека се приближува и сите веќе влегуваат во расположение за одмор. Л...