Едноставен метод од Питагора што ќе ви ја подобри меморијата

Доволно ги вежбавте нозете, рацете и стомакот, време е да го повежбате мозокот, ако не сакате еден ден да бидете бабичка/дедо со огромни проблеми со меморијата.

ednostaven-metod-od-pitagora-shto-kje-vi-ja-podobri-memorijata-01.jpg

Ако не го тренирате мозокот редовно, експертите тврдат дека ќе имате големи проблеми со меморијата кога ќе бидете постари.

Брилијантниот метод на Питагора бара минимум напор и дава максимални резултати:

Како функционира?

Секоја ноќ, пред да заспиете, обидете се да си повторите во умот и да запомните сè што се случило во текот на денот, со колку што можете повеќе детали.

Сетете се дури и најминорните работи, како тоа каде ја оставивте чашата од која пиевте сок, дали на масата или во мијалникот.

ednostaven-metod-od-pitagora-shto-kje-vi-ja-podobri-memorijata-03.jpg

Каде да започнете?

Започнете од утрото? Што видовте прво кога се разбудивте? Дали партнерот кој спие мирно до вас или погледнавте низ прозорецот?

Потоа продолжете во ист дух и помнете го секој детаљ. Со кого прво се поздравивте на работа, кој седеше до вас во автобусот?

На почетокот ќе ви биде тешко затоа што мислите ќе ви скокаат од една работа на друга, но со текот на времето ќе станувате сè подобри.

Првиот ден од експериментот ќе бидете зачудени од тоа колку малку всушност помните. Но, не се обесхрабрувајте. За само три дена ќе започнете да гледате подобрување.

Ќе станете способни да го фиксирате моментот во вашата глава и со тоа ќе ги елиминирате проблемите со меморирањето на работите.

ednostaven-metod-od-pitagora-shto-kje-vi-ja-podobri-memorijata-02.jpg

Како Питагора го користел овој метод?

Питагора и неговите ученици ја користеле оваа техника наутро, не навечер. Но, во модерниот свет, кога уште од утринските часови сме во трка, најдобро е да го сторите тоа навечер.

Наутро сигурно немате доволно време за да успеете да се концентрирате.

ednostaven-metod-od-pitagora-shto-kje-vi-ja-podobri-memorijata-04.jpg

Кои се придобивките од оваа вежба?

- Полесно ќе помините информации како: имиња, телефонски броеви, работни обврски итн.

- Повеќе ќе немате проблеми со концентрацијата и помнењето кога подготвувате некоја презентација за на работното место.

- Ќе заборавите на инсомнијата. Заспивањето ќе ви биде полесно откако ќе го изморите мозокот.

- Најважната придобивка е што ќе имате одлична анализа на тоа како го трошите времето и како ги минувате деновите. Ќе знаете што ви носи насмевки, а што ве растажува и ќе започнете да го цените секој миг од животот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава