Невротичните се сликаат со „дакфејс“, амбициозните јадат брзо - секојдневни навики кои го откриваат вашиот карактер

Постојат толку многу рутински навики кои ги правиме во текот на денот на кои најчесто не обрнуваме посебно внимание, како начинот на кој ја извлекуваме тоалетната хартија и бирањето производи за домот.

nevroticnite-se-slikaat-so-dakfejs-ambicioznite-jadat-brzo-sekojdnevni-naviki-koi-go-otkrivaat-vasiot-karakter-001.jpg

Но ова навидум незначајно однесување кажува многу за нашиот карактер и емоции, како и генералниот пристап што го имаме кон животот.

Всушност, поголемиот дел од овие навики се поткрепени со психолошки објаснувања кои го откриваат нашиот карактер:

Вашиот стил на пазарување го открива чувството за детали

Дали внимателно го читате составот на пастата за заби сè додека не ја пронајдете онаа која ги задоволува сите ваши потреби? Или едноставно ја пикате во корпата првата која ви е на дофат?

Според серија експерименти објавени во 2012 година, првиот тип на купувачи се одликуваат со висок степен на когнитивна рефлексија, што значи дека анализираат информации со исцрпување и преферираат да знаат многу детали за производите и светот, генерално.

Вториот тип на купувачи, пак, имаат низок степен на когнитивна рефлексија, што значи дека не им оди баш најдобро со деталите и преферираат повеќе генерални, односно општ тип на информации.

Начинот на кој виси тоалетна хартија може да открие колку сте самоуверени во врската

Експертот за врски, Гилда Карли анкетирала 2.000 мажи и жени за начинот на кој ја закачуваат тоалетна хартија. Таа, исто така, побарала од нив да ги пополнат анкетите во врска со тоа колку се наметнуваат, односно нивото на самодоверба кое го рефлектираат во нивните врски.

Резултатите покажале дека оние кои ја извлекуваат тоалетната хартија од горе претендираат да се повеќе доминантни, додека оние кои ја влечат од „долу“ се потчинети во врските.

Некои луѓе пак изјавиле дека каде и да се, тие го менуваат правецот на тоалетната хартија онака како што ним им одговара, а таквите луѓе најчесто имаат доминантен карактер.

Sekojdnevni-naviki-koi-go-otkrivaat-karakterot-02.jpg

Навиките за јадење го откриваат вашиот став кон животот

Луѓето кои јадат бавно генерално сакаат секогаш да ги држат конците под контрола и го ценат животот. Оние пак кои јадат побрзо најчесто се амбициозни, имаат одредена цел во животот, отворени се кон нови работи и искуства, но често пати се нетрпеливи.

Луѓето кои сакаат да пробуваат нови рецепти, храна и вкусови најчесто излегуваат од својата комфорна зона, додека оние кои се „манџии“ за храна се прилично невротично за различни аспекти од својот живот.

На крајот, добро е да се знае дека оние кои не сакаат да им се меша различната храна во чинијата, односно ја одделуваат имаат добро око за детали и се прилично дисциплинирани.

Стилот на пишување мејлови и пораки открива дали сте екстровертни или нарцисоидни

Внимателно погледнете го следниот мејл или порака што ќе ја добиете.

Истакнат психолог тврди дека екстровертите најчесто пишуваат за забавни работи, како музика, филмови што ги гледале или пак забавата на којашто биле.

Луѓето со пониска емоционална интелигенција најчесто употребуваат негативни зборови, како „депресија“ или „лутина“ или „гнев“.

Ова можеби нема да ве изненади, но нарцисоидните личности најчесто зборуваат самите за себе, употребувајќи ги фреквентно зборовите „јас“, „себеси“, „мене“.

Навиките за доцнење откриваат каков тип на човек сте

Само затоа што вашиот пријател има навика постојано да доцни, не значи дека тој нема обѕир кон вас. Истражување покажало дека луѓето кои постојано доцнат едноставно се порелаксирани.

Психологот Линда Сападин во едно интервју истакнува дека забележала 4 типови на луѓе кои постојано доцнат некаде (а сосема можно е да сте комбинација од сите 4 типови).

Перфекционистот нема да излезе од домот додека сè не е наместено „под конец“.

Управувачот со кризи смета дека успешно се справува со притисокот, а всушност ужива во покачен адреналин па намерно чека да излезе во „5 до 12“.

Бунтовникот мрази авторитетот и социјални норми на пристојно однесување, меѓу кои и стигнувањето на време.

Фантазерот е премногу оптимистички настроен и смета дека може да заврши многу работи во тој краток период на време.

Sekojdnevni-naviki-koi-go-otkrivaat-karakterot-03.jpg

Вашиот нервозен тик го открива нивото на перфекционизам

Грицкате нокти, ја влечете косата или откинувате парчиња кожа од себе?

Во едно истражување од 2015 година, истражувачите ги снимале луѓето во стресни, фрустрирачки, релаксирачки или здодевни ситуации.

Резултатите покажале дека сите оние кои покажуваат некои нервозни тикови во ваквите ситуации, всушност се одликуваат со високо ниво на перфекционизам.

Имено, здодевноста е една од тие ситуации, кога се иницира нервозниот тик, бидејќи перфекционистите потсвесно мислат дека е подобро да се прави нешто, отколку ништо во ваквите ситуации.

Зависноста од телефонот ја покажува вашата емоционална стабилност

Поголемиот дел од нас се „виновни“ кога станува збор за ѕиркање во телефонот додека чекаме ред во банка, додека се возиме во автобус, па дури и кога разговараме со пријателите.

Но, што значи кога постојано зјапаме во телефонот?

Специјално наменето истражување се обидело да ја измери зависноста од телефонот, поставувајќи 2 прашања: Колку се согласувате со следните изјави – Се иритирам кога мобилниот не ми е во близина и Поминувам многу повеќе време на телефонот отколку што е потребно.

Резултатите покажале дека емоционалната нестабилност е клучниот елемент поврзан со зависноста од телефонот.

Она што е најмногу интересно е дека истражувањето покажало како срамежливите и повлечените се помалку зависни од своите паметни телефони.

Начинот на кој ви се организирани пораките во Inbox открива колку ги контролирате нештата

Сакате „чист“ Inbox или воопшто не ви пречи ако имате 156 непрочитани пораки кои повеќе од очигледно е дека припаѓаат во секцијата Spam?

Оние кои веднаш ги префрлаат неважните пораки во Spam или ги бришат со самото добивање, имаат поголема потреба за ред и контрола во животот.

Луѓето кои ги зачувуваат мејловите, иако веќе еднаш ги прочитале, но не ги избришале, можеби се перфекционисти и сметаат дека наскоро ќе бидат во можност да одговорат соодветно на сите пораки, без да испуштат некоја.

Оние пак кои ги оставаат пораки неотворени и неодговорени без да ги избришат, можно е да се чувствуваат преоптоварени во животот. Алтернативно, тие можеби се и паметни луѓе, бидејќи признаваат дека читањето на тие мејлови не им помага да направат никаков значаен напредок.

Вашиот селфи стил на фотки открива колку сте отворени кон нови искуства

Цела една психологија се крие зад начинот на кој ги правите вашите селфи фотки.

Доколку сте насмеани и весели на селфи фотките, тие откриваат дека сте отворени кон нови пријателства и искуства.

Истражувачите забележале дека пријателски настроените луѓе се фотографираат одоздола; совесните лица внимаваат да нема приватни работи и приватен простор во заднина на фотографијата, оние коишто се поотворени за нови искуства, поверојатно е дека ќе покажат позитивни емоции на фотографиите, а невротичните луѓе најверојатно е да направат „дакфејс“.

Sekojdnevni-naviki-koi-go-otkrivaat-karakterot-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg