Зошто Јапонците се опседнати со носење на хируршки маски?
Во јапонските градови секојдневие е глетката на луѓе со маски. Маските се носат првенствено од здравствени причини, но сè почесто и како моден додаток.

Во Јапонија производството на хируршки маски стана милионски бизнис. Јапонците сè почесто носат маски, а покрај загаденоста на воздухот, постојат уште низа причини за тоа.
Маските се евтини, лесни за употреба и првпат се појавија на пазарот за широка употреба во 2003 година.

Тие полека дури се претворија во модни додатоци, па на некои од нив има и модни логоа.
Причини зошто Јапонците се опседнати со носење на хируршки маски:
Некои ги носат кога се болни за да не шират бактерии.

Некои ги носат кога се здрави за да не се заразат од бактериите што ги шират другите.

Некои ги носат за да се заштитат од поленот, кој им предизвикува алергии.

Некои едноставно сакаат да поминат незабележано и да немаат социјална интеракција.

Некои не сакаат да се шминкаат тој ден, а едновремено не сакаат природното лице да ѝ го покажат на јавноста.

Некои си го топлат лицето на овој начин во зимските месеци.

Некои се штитат од честичките во загадениот воздух.

Некои се штитат од сувиот воздух во авионите. Носењето маска им ја одржува влажна носната шуплина.

Некои ги носат како моден додаток. На дел од маските има принтови од анимирани ликови и ги има во разни бои.



С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат
Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности
„Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе
Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото)
„Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни)
Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна
„Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...