6 начини на кои мирисот влијае на нашата психа

Дали сте знаеле дека зајакот има 100 милиони рецептори за мирис, кучето 220 милиони, а човекот само 5-6 милиони.

6-nachini-na-koi-mirisot-vlijae-na-nashata-psiha-01.jpg

Иако не се во толку голем број како кај овие животни, сепак сетилото за мирис на човекот е исто така доволно развиено за да може да има поголема контрола од тоа што замислуваме.

Па така, мирисот многу влијае на нашата психа, како и на расположението, па дури и на донесувањето одредени одлуки.

Погледнете неколку начини на кои мирисот влијае врз нас и што ни прави:

Го подобрува вкусот

Сетилото за вкус ни кажува дали храната е солена, горчлива, кисела или блага. Но, носот може да ни помогне да сфатиме однапред дали храната е вкусна.

Додека јадеме ја мирисаме храната и сетилото за мирис испраќа порака до мозокот дека храната е вкусна, што комбинирано со рецепторите за вкус, помага за едно подобро искуство.

6-nachini-na-koi-mirisot-vlijae-na-nashata-psiha-02.jpg

Ги прави луѓето попривлечни

Сите сакаме да користиме парфеми кои се трајни, впечатливи и пријатни за сечиј нос.

Но, она што не го знаеме е дека всушност не е самиот мирис тоа што ги прави луѓето привлечни.

Неодамнешно истражување покажало дека со ставањето парфем, се чувствуваме посамоуверено заради пријатниот мирис кој го имаме, а тоа нè прави попривлечни.

6-nachini-na-koi-mirisot-vlijae-na-nashata-psiha03.jpg

Ве „носи низ времето“

Мирисот може да пробуди спомени и емоции поврзани со различни моменти од минатото.

 Мирисот на нешто може да нè врати низ времето, а има многу истражувања кои докажуваат дека мирисот може да активира поинтензивни емоционални спомени од сликите.

6-nachini-na-koi-mirisot-vlijae-na-nashata-psiha-04.jpg

Влијае на расположението

Исто како што може да пробуди стари емоции и спомени, така мирисот може да предизвика нови емоции и да влијае на расположението.

Понекогаш може целосно да ви го подобри расположението и да ве релаксира, но и да ве направи нервозни – така функционира арома-терапијата.

6-nachini-na-koi-mirisot-vlijae-na-nashata-psiha-05.jpg

Може да ве „излуди“

Луѓето кои не можат да мирисаат ништо или имаат намалено сетило за мирис, имаат поголем ризик за соочување со депресија.

Тоа се случува заради силната конекција помеѓу мирисот и емоциите, па неможноста да искусите различни мириси ја ограничува можност да ви се пробудат убави спомени и чувства.

6-nachini-na-koi-mirisot-vlijae-na-nashata-psiha-06.jpg

Може да ве натера да купувате

Ова може да се нарече „перење на мозок преку нос“. Некои брендови за автомобили ставаат дополнителни мириси „на ново“ во автомобилите за да ве натераат да ги купите.

Некои продавници ставаат парфеми на влезот за да го следите мирисот и да купите нешто.

Пекарите, пицериите и слаткарите го испуштаат мирисот насекаде во околината па веднаш се упатувате да ја насладите душата со нешто.

Професионалците во секоја индустрија знаат кој мирис ќе го „убеди“ нашиот мозок да посака да купиме некој производ.

6-nachini-na-koi-mirisot-vlijae-na-nashata-psiha-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
11 работи кои ви се потребни за да бидете среќна личност Што значи да се биде апсолутно среќен? Многу филозофи, социолози, психолози и сп...
Зошто треба да ја прифатите вашата „мрачна страна“ и што можете да научите од неа? Дури и да сме најдобрата личност на светот, нормално е да имаме „мрачна страна“ ...
Перфекционизмот може да биде добар за вас на три начини Перфекционизмот најчесто е проследен со негативни ефекти врз вашето физичко и ме...
5 брзи психолошки трикови со кои ќе ги натерате другите да го прават тоа што сакате „Кога мислите дека некој ве лаже, само погледнете го во очи и не велете ништо, с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg