16 маки што ги има секој возрасен човек

Мамурлаците се многу потешки отколку во младоста, а фиксните трошоци како сметки, шеќер, прашок и зејтин го цицаат буџетот до максимум.

16-maki-shto-gi-ima-sekoj-vozrasen-chovek-01.jpg

Како мали сонуваме да пораснеме и да имаме свој буџет на располагање и никому да не поднесуваме сметка.

Но, кога ќе пораснеме сфаќаме дека не е сè така розово:

Дел од маките на возрасните луѓе:

- Ќе мора да одговараш одново и одново на прашања од типот: „Што ќе правиш по дипломирањето?“, „Кога ќе се мажиш/жениш?“, „Кога ќе имаш второ дете?“, „Уште ли не најде работа?“...

- Ќе мора да одлучиш дали да штедиш за стан или да си го живееш животот исполнувајќи си ги соништата за патувања, шопинг и забави.

- Ќе мора да почнеш да плаќаш сметки и да одиш по банки и шалтери. Ќе те нервираат административните процедури.

- Ќе праќаш бесцелно CV на места каде наведуваат дека задолжително е 10 години работно искуство, а тебе никаде не ти даваат шанса да го стекнеш.

- Ќе мора почесто да одиш на доктор и да закажуваш „мој термин“ затоа што на твоето здравје ќе му биде потребна поголема нега.

- Ќе треба да се грижиш сам за себе кога си болен, повеќе татко ти нема да ти купува апчиња, а мајка ти да ти цеди лимон.

- Ќе се нервираш кога некои компании ќе сакат да штедат на трошоци и ќе те одјават, па ќе мора да плаќаш високи суми на приватни доктори затоа што немаш здравствено осигурување.

- Ќе се будиш во 8 часот наутро во сабота, а во 21 ќе бидеш уморен за да станеш од креветот и да излезеш во град.

- Ќе се плашиш од понеделникот секоја недела вечер.

- Ќе носиш 10 слоеви облека за случајно да не ти застуди или стане топло.

- Ќе ги трошиш сите пари на основни работи како зејтин, кафе, шеќер, сол, прашок и ќе немаш пари за омилените колачиња.

- Ќе гледаш на Инстаграм како сите се женат/мажат, имаат деца, отвораат свои бизниси и ќе размислуваш што постигна ти.

- Ќе почнеш полека да признаваш дека твоето тело не изгледа добро како порано, а брчките се појавија на твоето лице.

- Ќе сфатиш дека мамурлаците стануваат се потешки со секоја измината година.

- Ќе јадеш понекогаш остатоци од фрижидерот затоа што пазарувањето ти е ужасно напорна активност.

- Ќе се жалиш од што сè не си задоволен и ќе се надеваш дека еден ден ќе биде подобро.

Прочитајте ги и 11-те маки што ги има секоја жена!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg