Необични, но корисни трикови кои ќе ви го олеснат животот

Секогаш ни се корисни советите за готвење, шминкање или чистење, но има и многу други трикови за во различни ситуации.

neobichni-no-korisni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-01.jpg

Тие не се поделени по категорија , па собравме неколку такви на едно место, кои може да ви бидат од корист некогаш.

На пример, сигурно некогаш би ви се нашол трик за тоа како да не се изгорите кога пробувате од јадењето, или како да не заспиете кога имате работа.

Во продолжение, трикови кои ќе ви го олеснат животот:

Земете во рака метален предмет за да не спиете предолго

За да не заспиете додека имате многу работа, кога сакате да одморите, земете метален предмет кој би ви паднал од рака кога ќе заспиете и ќе ве разбуди.

Ова го практикувал Салвадор Дали. Тој се потпирал на потпирачите ма столче со рацете, а во едната рака, помеѓу два прста држел клуч. Па така, кратко по заспивањето, клучот паѓа надолу, а звукот ќе ве разбуди.

neobichni-no-korisni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot02.jpg

Замрзнете ја лажичката за да не го изгорите јазикот

Овој трик е потребен кога подготвувате јадење и сакате да пробате дали е готово. Сигурно ви се случило некогаш во ваква ситуација да го изгорите јазикот, па за да го избегнете тоа, ставете ја лажичката во замрзнувач.

Така кога ќе треба да го пробате јадењето, нема да мора да дувате бидејќи лажицата ќе го излади.

neobichni-no-korisni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot03.jpg

Истурајте го кафето од високо

За да ви биде повкусно кафето, следете го следниов предлог – не го истурајте кафето веднаш над шолјата, туку поткренете го бокалот со кафе од малку повисоко.

Дури и растојание од 10 cm може да направи разлика.

neobichni-no-korisni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-04.jpg

Не го носете паричникот во заден џеб

Оваа навика најчесто ја практикуваат мажите, иако има и жени кои го ставаат паричникот во задниот џеб на панталоните.

Ова не треба да го практикувате бидејќи освен што може да ви го украдат, штети и на здравјето. Докажано е дека долгото седење на него може да им наштети на нервите во долниот дел на грбот. Добро е да знаете нешто плус нели?

neobichni-no-korisni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-05.jpg

Користете замрзнат сунѓер за да намалите оток или модринка

За оток или за модринка на телото, најдобро е да се стави мраз или нешто ладно. Но, овој метод е непријатен бидејќи мразот почнува да се топи во рацете и може целосно да ве намокри.

Затоа, за да си олесните, натопете сунѓер и ставете го во кеса за замрзнување да се лади. Така ќе имате ладна плочка која нема да се топи.

neobichni-no-korisni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-06.jpg

Правило на 2 минути

Правило гласи дека не смеете да одложите за подоцна нешто што се решава за 2 минути.

На пример, можете да си го наместите креветот или да ја измиете чинијата по јадење – брзо и не одзема повеќе од 2 минути, плус нема да ви се таложат обврските подоцна.

neobichni-no-korisni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-07.jpg

Со откриени нозе може да заспиете за неколку минути

Веќе ви е познато дека на пониска температура подобро се спие, па затоа обидете се нозете да не ви се покриени ако имате проблем со заспивањето.

neobichni-no-korisni-trikovi-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава