Албуми со самолепливи сликички кои секогаш ќе ги помнам

Како да беа вчера годините кога траеше треската за собирање на албуми со самолепливи сликички. 

albumi so samoleplivi slikicki koi sekogash kje gi pomnam 4

Никогаш нема да ја заборавам возбудата и целата еуфорија која ме следеше во детството, тие моменти кои понекогаш ме оставаа без сон само поради тоа што во себе ја носеа суштината на среќата. Онаа чиста радост што можеше да се опипа во првата деценија од животот на човекот. Не дека сега изворот на задоволството и исполнувањето не постои, но тогаш беше поедноставно да се разбере.

Не знам како другите деца гледаа на собирање на албум со самолепливи сликички, но за мене таа активност претставуваше еквивалент на незаборавна авантура. Самата помисла дека штедиш десет-дваесет денари за да купиш пакетче со пет сликички носеше толкава возбуда што возрасните воопшто не можеа да ја сфатат.

Почетоците секогаш беа лесни, зошто знаеш дека нема да ти се падне дупликат, но како празните полиња се пополнуваа така сé повеќе и повеќе се трупаа исти сликички, кои за да не стојат залудно дома, се купуваше втор албум и одново се започнуваше лепењето. Верувам дека не сум единствениот кој наоѓаа исполнување во собирање на албуми со сликички.

Во продолжение следува листата на оние најомилените:

Digimon

albumi so samoleplivi slikicki koi sekogash kje gi pomnam 2

Dragonball

albumi so samoleplivi slikicki koi sekogash kje gi pomnam 3

Хари Потер

albumi so samoleplivi slikicki koi sekogash kje gi pomnam 1

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...

Најчитани неделава