Средовечната криза е неизбежна: Психолошки митови во кои сите залудно веруваат

Ретко кој не прави психолошки тестови или не се интересира за психолошките трикови и факти.

sredovechnata-kriza-e-neizbezhna-psiholoshki-mitovi-vo-koi-site-zaludno-veruvaat-01.jpg

Но, како и во сите други области, така и во психологијата по стојат стереотипи и не треба во сè да се верува.

Многу од работи во кои всушност веруваме не се вистинити, туку се заклучило дека се само митови.

Погледнете дел од нив и разграничете ги работите:

Аудио и визуелни способности

Долго време, сите веруваа дека типот на перцепција која владее кај човекот е најдобар начин за учење – со слушање или пак со визуелизирање или пишување.

Секако, секој човек има предиспозиции за одреден тип на перцепција на работите, но модерните истражувања покажуваат дека всушност тоа не влијае на способноста за учење.

Сè зависи од когнитивните способности и желбата на оној кој учи.

psiholoshki-mitovi-vo-koi-site-veruvaat-bez-posebna-prichina-02.jpg

Дали насмевката го прави денот поубав?

Се верува дека ако се смеете постојано, дури и вештачката насмевка со тек на време ќе се претвори во вистинска. Но, сега е јасно дека прикривањето на негативните емоции може само да наштети.

Всушност, форсираната насмевка може позитивно да влијае на расположението, само ако не се соочувате со силни негативни емоции.

psiholoshki-mitovi-vo-koi-site-veruvaat-bez-posebna-prichina-03.jpg

Дали спротивностите се привлекуваат?

Оваа фраза е позната и се шири со години наназад како теорија дека спротивностите се привлекуваат и дека паровите се подобри кога се составени од двајца целосно различни карактери.

Но, вистината е дека ги бираме луѓето кои се слични на нас, надворешно и внатрешно, по животни вредности и воспитување, па дури и по природата на комуникацијата.

psiholoshki-mitovi-vo-koi-site-veruvaat-bez-posebna-prichina-04.jpg

Брејнстормингот е корисен за креативност

Се верува дека брејнстормингот (бура на идеи) е најкорисен за креативните луѓе, бидејќи така тие наоѓаат нови идеи, пристапи и решенија.

Но, ова не функционира секогаш. Напротив, брејнстормингот може да создаде притисок, учесниците бараат повеќе и повеќе идеи од себеси, додека размислуваат на мислењето на општеството и немаат можност целосно да го развијат нивниот предлог.

Понекогаш е поефективно да работите сами и да ги следите општите анализи на предложените идеи.

psiholoshki-mitovi-vo-koi-site-veruvaat-bez-posebna-prichina-05.jpg

Викањето помага при ослободувањето бес

Филмовите и книгите нè учат дека кога сме под стрес, најдобро е да одиме во шума и да се извикаме за да се ослободиме од бесот и нервозата.

Всушност, истражувањата покажуваат дека викањето може само да го зајакне бесот.

Кога сте лути, најдобро е да ја анализирате причината за тоа и да ги разберете вашите чувства, а потоа да размислите на последици и решенија.

psiholoshki-mitovi-vo-koi-site-veruvaat-bez-posebna-prichina-06.jpg

Средовечната криза е неизбежна

Според новите податоци, во реалноста само 10% од луѓето патат од ваква криза на 40-годишна возраст.

Секако, секој може да направи драма од годините и да отиде во сосема различна насока од претходно, но тоа е повеќе исклучок отколку правило.

psiholoshki-mitovi-vo-koi-site-veruvaat-bez-posebna-prichina-07.jpg

Личноста се формира пред 25 години

Многу психолози до неодамна веруваа дека личноста до 25 веќе ги има одредено своите цели, приоритети и принципи.

Всушност, карактерот се формира низ целиот живот, а стабилноста не мора да чека.

Со годините луѓето стануваат потолерантни и совесни и знаат како да реагираат подобро во секоја ситуација.

psiholoshki-mitovi-vo-koi-site-veruvaat-bez-posebna-prichina-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
6 психолошки трикови кои секогаш функционираат Направете пауза, макар и од минува-две пред да донесете одлука, а кога некој ви ...

Најчитани неделава