На право место во право време: Оптички илузии од секојдневни ситуации

Фотографот Jonathan Higbee создава колекција од фотографии наречена „Случајности“, на кои се прикажани секојдневни моменти низ улиците на Њујорк.

fotki-napraveni-vo-vistinski-moment-koi-sozdavaat-optichki-iluzii-od-sekojdnevni-situacii-01.jpg

Она што е невообичаено и карактеристично за нив, е тоа што секоја фотографија од оваа серија, открива интересна оптичка илузија.

Тој фотографира ситуации во вистински момент, па така нечија коса може да личи на пареа, или некој човек може да изгледа многу поголемо отколку во вистинскиот живот.

fotki-napraveni-vo-vistinski-moment-koi-sozdavaat-optichki-iluzii-od-sekojdnevni-situacii-02.jpg

Фотографот вели дека не постои посебна причина за ова, туку едноставно работата на овој проект за него претставува смирување на градскиот хаос.

„Градот можеби е во гужва и непрeдвидлив, но исто така и ве инспирира да верувате дека сè е можно и може да се достигне.“ – изјавил тој.

За неговата колекција вели дека е „бесконечен број на магични, неочекувани и непредвидливи моменти кои го прават Њујорк посебен.“

Сепак, признава дека е навистина тежок предизвик кој одзема многу време и дека постојано се навраќа на една иста локација за да го дочека моментот кој тој го замислил.

А, резултатот е навистина интересен и неочекуван:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава