25 животни лекции кои треба да ги научите до 25-та година


25 животни лекции кои треба да ги научите до 25-та година

Животот е големо искуство од кое треба постојано да се учи нешто ново и никогаш не треба да се запостават работите низ кои минуваме, бидејќи секоја од нив е нова лекција.

25-zhivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-nauchite-do-25-ta-godina-01.jpg

Постојат одредени работи кои секој човек треба да ги научи до одредена возраст, а оние кои сфатиле дека тоа е важно, споделуваат со останатите.

Па така, до 25-тата година, веќе треба да имате стекнато одредено животно искуство и да сфатите некои значајни работи кои ќе ви го подобрат животот во иднина за полесно да се справувате со следните предизвици. 

25 животни лекции кои треба да ги научите еднаш засекогаш:

1. Бидете благодарни – на младите им треба повеќе време да го сфатат тоа, но ќе се чувствуваат подобро и ќе имаат позитивни промени.

2. Не знаете баш сè – на светот постојат многу повеќе информации од тоа што вие може да си замислите.

3. Бидете културни – има многу некултурни луѓе, па немојте да ве стават во исти „кош“ со нив.

4. Кога можете, секогаш направете некого среќен.

25-zhivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-nauchite-do-25-ta-godina-02.jpg

5. Одете на пракса за надоградување на професионалните вештини или практикувајте нешто што ве прави среќни и исполнети, па дури и јога.

6. Ако можете, секогаш правете маникир на ноктите – не е многу скапо, а ќе ви влева самодоверба.

25-zhivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-nauchite-do-25-ta-godina-03.jpg

7. Купете си цвеќиња за во домот, бидејќи така ќе изгледа многу почисто и свежо.

8. Грижете се за вашето тело – балансирана исхрана и редовна физичка активност нека ви станат дел од начинот на живот.

9. Никој не може да ви помогне, освен ако не сте подготвени да ја примите помошта – ако не побарате помош, не ја очекувајте.

10. Преземајте одговорност – ако згрешите, не ги сокривајте трагите, туку поправете се.

11. Разговарајте со непознати – има многу нови работи кои може да ги научите од луѓето, па не се ограничувајте.

25-zhivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-nauchite-do-25-ta-godina-04.jpg

12. Бидете љубезни, но не трпете секакво однесување од секого.

13. Врските се комплицирани и за да се најде компромис помеѓу различни карактери, треба многу да се порудите.

14. Врските се избор, не обврска – понекогаш нема решение, ниту поправање, па најдобра опција е да заминете.

15. Бидете критични – кон себе и кон другите и кон сè останато, посебно во време исполнето со лаги, преиспитувајте сè!

16. Одете на терапевт – нема ништо срамно ако се чувствувате тажно или минувате низ стресен период, да разговарате со професионално лице кое ќе ви помогне да ја надминете ситуацијата.

17. Амбицијата е добра работа – немојте да ја гледате како себичност.

18. Високото образование е опција – ако не се гледате таму и имате нешто друго што е попросперитетно за вас – следете го!

19. Славете ги вашите победи – дури и кога се мали, тие се значајни за вашиот напредок и успех.

25-zhivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-nauchite-do-25-ta-godina-05.jpg

20. Во ред е да пиете алкохол – за одреден повод, со добар мотив и во умерени количини.

21. Работата за секој значи различно – секој има различни гледишта на тоа поле и не значи дека треба да се приспособите на нечие мислење.

22. Бидете свои – не се водете според очекувањата на околината и правете го тоа што вие го сакате.

23. Животот после училиште или факултет е тежок – не дозволувајте да „паднете“ и не се откажувајте, туку бидете упорни на патот до успехот.

24. Сакајте се себеси – бидете горди на тоа до каде сте стигнале и верувајте дека сте го заслужиле. Понекогаш пружајте си релаксација и заслужен одмор.

25. Но, немојте премногу да го намалите темпото и да не правите ништо. Вложувајте труд секојдневно, а на крај, наградете се. 

25-zhivotni-lekcii-koi-treba-da-gi-nauchite-do-25-ta-godina-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 животни лекции кои треба да ги научите до 30-тата година Секој период од животот ни носи различни предизвици, но и убави работи, па посто...
Луѓето ја уништуваат туѓата среќа, кога не можат да ја најдат својата: Илустрирани животни мудрости Во животот ќе сфатите дека не се сите убави, но и нема потреба да бидете убави з...
8 болни животни вистини кои ги учиме предоцна Ниту болка, ниту среќа ништо не е константно, сѐ се менува за само неколку секун...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg