Од каде доаѓа изразот глупав како риба?

Овој израз се врзува за еден од најубавите градови според раскажувањата на луѓето, Париз и еден доста интелигентен измамник Виктор Лустиг. Виктор Лустиг бил роден во Австрија под името Роберт и бил исклучително надарен кога станувало збор за изучување на школските предмети.

od-kade-doagja-izrazot-glupav-kako-riba-001.jpg

Во текот на неговото образование направил мала пауза од своите студии и тогаш почнал да се коцка. Што понатаму го води во криминалистичките води, со силен фокус на измами кои му носеле многу благодети и го направиле еден од најголемите измамници на неговото време.

Една од неговите најпознати измами се врзува за најпознатата знаменитост на Париз, Ајфеловата кула. Имено, во 1925 година, додека читал весник кој го дискутирал проблемот со Ајфеловата кула, бидејќи парижани најпрво не биле воодушевени од „железниот џин” кој тие сметале дека претставува една грда градба која го уништува духот на градот, користејќи ја својата интелигенција Лустиг сакал да се збогати на лесен начин.

Прашината за тоа дека Ајфеловата Кула ќе се отстранува секојдневно ги бранувала париските весници, а тој смислил план кој ќе ја создаде една од најголемите измами на столетието. Имено Лустиг ги вложил сите пари кои ги имал за да се облече во едно од најскапите одела, изнајмил лимузина со возач и се сместил во еден од најпознатите, а воедно и најскапите станови во Париз. Се претставил себеси како заменик директор на министерот на поштата и телеграфијата.

Ги поканил директорите на фирмите кои тогаш се занимавале со обработка на железо и ги убедил дека владата планира да ја продаде Ајфеловата Кула бидејќи таа била премногу за градот. Постојаните зборувања за нејзиното отстранување, како и фактот дека не одговарала онака како што Триумфалната Капија или Готската Катедрала го краселе градот, само му оделе во прилог и директорите лесно ја згризале неговата јадица.

Тој им открил дека одлуката за тоа кој ќе ја купи колата е лично негова, а користејќи ја приказната дека групата е навистина внимателно одбрана, само повеќе го привлекувала вниманието на оние кои биле поканети на состанокот, велејќи дека тој ги сметал нив за искрени бизнисмени.

Од сите бизнисмени кои биле поканети на состанокот, најзагреан бил Андре Поасон, несигурен човек кој само сакал да се истакне во париските бизнисменски кругови. Откако Лустиг ја увидел неговата наивност го ставил целиот свој фокус на него. Му подметнал приказна дека всушност платата која ја зема не му е доволна и дека ќе го избере токму него од сите поканети, ако се договорат да му даде одредена сума, како мито за неговиот избор.

Поасон целосно ја проголтал измамата мислејќи дека тоа е само уште еден корумпиран политичар од кој лесно ќе профитира, се согласил да плати голема сума за да стане сопственикот на целото железо на Ајфеловата Кула. Откако Лустиг ги добил парите од неговата фамозна продажба избегал од Париз и се упатил за Австрија.

Поасон набрзо сфатил за измамата, но му било срам целиот тој скандал да го пријави во полиција поради мислењето на богатите кругови. Едноставно не сакал никој да дознае за неговиот простотилак. Иако целата работа се држела во тајност, сепак подоцна се дознало за измамата и во знак на глупавоста на Андре Поасон (што на француски Poisson значи риба), парижани често знаеле да кажат, глупав си како риба.

Лустиг се вратил повторно во Париз после неколку години ја пробал истата измама, но бил фатен и бидејќи полицијата му била зад пети бил приморан да замине за САД за да се спаси од темните зандани, но останал запаметен како човекот кој ја продал Ајфеловата Кула.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава