5 одлични работи кои се случуват овој мај 2018

Месецот мај е еден од најубавите месеци во годината. Го означува почетокот на пролетта, доаѓањето на новото годишно време, сите ја чувствуваме топлината и енергијата и сме поведри и насмеани.

5_odlicni_raboti_koi_ke_se_slucat_ovoj_maj_2018_01.jpg

Месецот мај е именуван по грчката божица Маја и означува љубов и успех.

Еве 5 одлични настани кои ќе се случат овој мај 2018 година:

1. Појавувањето на китовите

Мај е одличен месец на Јужната хемисфера. Секоја година китовите мигрираат северно за време на зимата, поминувајќи покрај Австралија.

Ова нуди одлична шанса за сите кои сакаат да присуствуваат и да го документираат овој неверојатен настан. Сепак пливањето покрај овие неверојатни суштества не се препорачува.

5_odlicni_raboti_koi_ke_se_slucat_ovoj_maj_2018_02.jpg

2. Постигнат е договор за случајот Coffee-gate

Во април оваа година се случи немил настан во еден од многуте Старбакс локации ширум светот. Без да се случи никаков криминал, двајца мажи со африканско американско потекло биле уапсени во Старбакс, што резултираше со неверојатни ПР кризи на познатиот гигант во нивните продавници и на социјалните медиуми.

Двајцата мажи „заработија" симболична сума од 1 долар, но го натераа гигантот да започне фонд за млади претприемачи од 200.000 долари.

5_odlicni_raboti_koi_ke_se_slucat_ovoj_maj_2018_03.jpg

3. 2 милиони како подарок за роденден и пензија

Жителот на Ванкувер, Пинг Куен Шум на својот роденден и денот кога заминува во пензија добива 2 милиони австралиски долари на лотарија.

По неговата добивка голем број на други жители на Канада добиваат значителни суми на лотарија. Среќна ѕвезда дефинитивно стои над небото во Канада.

5_odlicni_raboti_koi_ke_se_slucat_ovoj_maj_2018_04.jpg

4. Кралска венчавка

Како што сигурно веќе си знаете на 19-ти мај нè очекува уште една кралска венчавка, овој пат на помладиот принц на Велика Британија, Хари, и неговата долгогодишна девојка Меган Меркел.

Се претпоставува дека милијарди луѓе ширум светот ќе го проследат настанот преку социјалните мрежи.

5_odlicni_raboti_koi_ke_se_slucat_ovoj_maj_2018_05.jpg

5. Враќањето на носорогот

Можеби најубавата вест за сите е токму последната. Црните носорози повторно се вратени во републиката Чад. Постојат високи очекувања дека 6-те носорози кои ќе живеат во Чад ќе помогнат за зголемување на критично ниската популација на црниот носорог.

Овие носорози ќе летаат околу 5.000 километри од Јужна Африка за да стигнат до нивниот нов дом.

Да се надеваме дека ова ќе биде одличен почеток на неверојатната приказна на црниот носорог.

5_odlicni_raboti_koi_ke_se_slucat_ovoj_maj_2018_06.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава