„За мене не постојат препреки, туку предизвици“: 15 реченици кои треба да си ги повторувате постојано

Во животот секојдневно се соочуваме со ситуации кои ја тестираат нашата издржливост, трпение и волја за продолжување понатаму.

za-mene-ne-postojat-prepreki-tuku-predizvici-15-rechenici-koi-treba-da-si-gi-povtoruvate-postojano-01.jpg

Во тие моменти, не смее да потонеме во негативни мисли, туку треба сами себе да се охрабриме, бидејќи на крајот на денот, не треба да зависиме од никого.

Па затоа, добро е да имате неколку позитивни мисли кои ќе ве поттикнуваат да се справите со сите предизвици.

За таа цел, прочитајте ги следниве реченици, кои вреди да си ги повторувате што почесто и да се охрабрувате:

1. Не можам да контролирам сè што ми се случува, туку можам да го контролирам начинот на кој реагирам на она што се случува.

2. Подобро е да се направи грешка, отколку да се глуми совршенство.

3. Ќе прифатам што и да ми застане на патот, важно е само да го дочекам тоа подготвено и да дадам сè од себе.

4. За мене не постојат препреки, туку предизвици.

5. Што побрзо закрепнам од „падот“, толку побрзо ќе ја достигнам мојата цел.

6. Постои голема разлика помеѓу празниот умор и задоволителна исцрпеност. Животот е прекраток, ќе се занимавам со работи кои ми го подигаат расположението.

7. Ако немам време за она што е важно, ќе престанам да ги правам работите кои не ми се важни.

8. Нема да се обидувам да се кријам од моите стравови, бидејќи знам дека не можат да ме исплашат. Тие се тука да ми покажат дека вредам.

9. Не можам да изградам углед кој ќе се темели на она што можеби ќе го направам некој ден.

10. Ќе ја почувствувам среќата кога таа ќе дојде од мене, а не однадвор.

11. Ќе се посветам на тоа да станам подобра личност, а не на размислување колку добра личност сум сега.

12. Ќе бидам зафатен/а со работа на „својот тревник“, па нема да забележувам дека туѓиот е позелен.

13. Следниот чекор во вистинска насока не мора да биде голем, туку правилно утврден.

14. Ќе го славам секој дел од мојот пат бидејќи темелно изработените мали работи на крајот резултираат со големи победи.

15. Ако изгубам, тоа не значи дека сум лош човек. Секоја игра има нова партија од која можам да излезам како победник.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава