Штом ќе заборавите на овие пријатели, значи дека официјално сте пораснале

Сите имаме по некој пријател со кој веќе одамна сме ја прекинале комуникацијата или на дискретен начин се обидуваме да ја намалиме дружбата. Животен факт е дека како старееме бројот на пријатели станува се помал.

stom-ke-zaboravite-na-ovie-prijateli-znaci-deka-oficijalno-ste-porasnale-001.jpg

Тоа релативно се должи на начинот на живот и сè помалку слободно време кое ни е достапно за да го поминеме во дружење, но воедно означува и период на зрелост и развиток кога, сакале или не, започнуваме да размислуваме поинаку од голем дел од нашите пријатели.

Доколку сте ги раскинале врските со овој вид на пријатели, значи дека дефинитивно сте возрасна и зрела личност која нема време за непотребни и непријатни луѓе во животот:

Пријателот што секогаш се жали

Сите понекогаш имаме периоди кога ништо не ни оди од рака и сме се чувствувале како цел свет да е против нас. Но, доколку еден од вашите пријатели е тип на човек кој константно се жали дури и без потреба, тогаш дефинитивно не ви е потребно толку негативно влијание во вашиот живот.

Љубоморниот пријател

Доколку имате пријател кој наместо да ги слави вашите успеси и да биде среќен за вас, покажува знаци на љубомора и завист, тогаш тој е еден од оние личности со кои треба да прекинете секаков контакт.

Пријателот кој обожава драма

Кога сме адолесценти сите по малку сме склони на драматизирање. Но, како што изминуваат годините, никој од нас нема време за непотребни драми и непријатни сцени. Пријателот кој сè уште е склон на ваквото однесување значи дека или сè уште не е доволно дораснат или едноставно никогаш нема да го промени тоа детско однесување.

Вечниот негативец

Слично како пријателот кој константно се жали и вечниот негативец е лош за вашето ментално здравје. Кога само сакате да си поминете убаво, овој тип на човек има потреба тоа да го уништи. Направете си услуга и држете се што подалеку од овие луѓе.

Пријателот кој не ве остава сами

Веројатно сте имале барем еден пријател кој како да не може да просперира без вас. Како целиот живот да му се врти околу вас и не може да донесе ниту една одлука или да направи наједноставна работа без ваш совет или присуство. Барањето на совет од пријател не е воопшто лоша работа, но кога сте со личност која не може да одлучи што да нарача за појадок без вашето мислење, тогаш имате проблем.

Пријателот кој никогаш не е тука

Сите си имаме барем еден ваков „пријател“. Оној кој секогаш ви ветува дека ќе се сретнете на кафе, но таа средба никогаш не се случила. Доколку почувствувате дека вие сте единствените кои се трудат да го одржат пријателството можеби и не вреди да вложувате толку голем труд. 

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg