10 актери кои се и одлични музичари

Многу често се случува да видиме познат музичар како глуми во филм, меѓутоа ретка е глетката да се види познат глумец како свири на некој инструмент, или пее.

10-akteri-koi-se-i-odlicni-muzicari-001.jpg

Еве 10 актери кои се навистина добри во тоа:

Вил Смит

За повозрасните читатели познат како „Принцот од Бел-ер“, а за помладите Џеј од „Men in Black“, Вил Смит е еден од најинтересните ликови во шоу бизнисот. Нешто што веројатно малкумина знаат е тоа дека тој има издадено 9 студиски албуми.

Во продолжение следи песна од 1997-ма:

Џејми Фокс

Актер, стенд-ап комичар и музичар. Познатиот Џанго од „Django Unchained“ односно Џејми Фокс можеби не знаете, но има издадено 5 студиски албуми. Неговите вокални способности јасно ги видоа сите во шоуто на Џими Фалон при играта „Wheel of Musical Impressions“ и видеото од истата кое стана хит на интернет.

Џаред Лето

Неверојатниот „Џокер“ од „Suicide Squad“, односно Рајон од „Dallas Buyers Club“, покрај својата актерска умешност и уникатност, исто така има и одлични музички способности. Тој е фронтмен на прилично познат бенд наречен „30 Seconds To Mars“.

Џони Деп

Еден од најхаризматичните ликови во Холивуд, кај обожавателите познат како Џек Спероу. Сепак, малкумина знаат дека тој е прилично добар гитарист, кој настапувал како гостин на концерти на Оазис и Мерлин Менсон, а има и свој бенд наречен „Hollywood Vampires“.

https://www.youtube.com/watch?v=A1wyqTGUU2o

Киану Ривс

Поновите генерации го знаат како Џон Вик, луѓето кои растеле во 90-тите го знаат како Тед од „Bill & Ted“, а милениумските деца го знаат како Нео. Она што ретко кој го знае за него е тоа дека Киану Ривс е страствен басист. Тој има алтернативен рок бенд наречен Dogstar.

Листата продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава