Во главата на нарцисите: Што мислат за себе, а што за другите луѓе?

Украдени детства. Деструктивни бракови. Проблематични врски. Жртвите на нарцисoидните ликови, најдобро знаат колку е тешко да се биде покрај човек што мисли дека е посебен, па никој друг не е важен, освен него. 

vo-glavata-na-narcisite-shto-mislat-za-sebe-a-shto-za-drugite-lugje-1.png

Честопати слушаме за поимот „нарцис“. А, што тој всушност претставува? Дали се однесува исклучиво на некого што сака да биде во центарот на вниманието и му се допаѓа како изгледа?! Или, пак, има и нешто повеќе од тоа?

Според психијатрите, нарцисоидните личности очекуваат прекумерна восхит од останатите луѓе. Притоа, буквално сѐ мора да се врти околу нивСите други се небитни, па ги претвараат во жртви, уверувајќи ги дека помалку вредат. Себеси, пак, се доживуваат дијаметрално различно од впечатокот што го оставаат на околината.

vo-glavata-na-narcisite-shto-mislat-za-sebe-a-shto-za-drugite-lugje-3.jpg

Како им функционира умот? Што се мота низ главата на нарцисите? Ви откриваме во прво лице. Еве што мислат за себе, а што за другите луѓе:

„Јас се сакам и знам дека и ти ме сакаш.“

„Нема потреба да ти се извинам.“

„Само малку луѓе на светов ми се рамни. Но, уште ги немам запознаено.“

„Јасно ми е дека постојат правила и обврски. Меѓутоа, важат само за тебе. Јас немам ниту време, а ни желба да ги следам.“

„Се надевам ме цениш мене и сето она што го имам направено за тебе. Јас сум прекрасна и безгрешна личност.“

„Сакам да сме еднакви, ама не сме, ниту пак некогаш ќе бидеме.“

„Можеби ти изгледам дрско и арогантно. Тоа е сосема во ред. Најважно е да не бидам како тебе.“

„Што и да сторам, од тебе очекувам верност.“

„Ќе ти давам критики и очекувам да ги прифаќаш. Особено во јавност – ќе те напаѓам без милост.“

„Не манипулирам. Само сакам нештата да се извршат на начинот како што јас посакувам. Не ми е важно дали на другите ова нема да им чини, ниту како ќе се чувствуваат поради тоа.“

„Очекувам благодарност цело време. Дури и за најмалата услуга што ќе ја направам.“

„Јас се дружам само со најдобрите луѓе. Искрено, повеќето твои пријатели не ми се дораснати.“

„Ако правиш како јас ќе кажам, сѐ ќе биде подобро.“

Не е лесно да се живее или работи со личност која вака размислува и постапува. Тие се преценуваат себеси, а ги потценуваат другите.

vo-glavata-na-narcisite-shto-mislat-za-sebe-a-shto-za-drugite-lugje-2.jpg

Има луѓе кои се „заробени“ од нарциси, поради финансиската ситуација, или, пак, со нив се во комплициран љубовен однос што не можат да го прекинат.

Во таков случај, мора да бидете подготвени на неколку ситуации. Прво, никогаш нема да бидете еднакви во нивните очи. Чувствата на несигурност, неверување и пораз никогаш нема да исчезнат, туку само ќе се продлабочуваат. Кон вас ќе се однесува на начин на кој никогаш не сте ни помислиле, ниту пак очекувале да го толерирате.

vo-glavata-na-narcisite-shto-mislat-za-sebe-a-shto-za-drugite-lugje-4.jpg

Неговите или нејзините потреби секогаш ќе бидат на прво место. Кога се однесува убаво кон вас, тоа веројатно е глума. Ќе ве лаже без страв, бидејќи ним лагите им се средства за манипулација и контрола над другите. Затоа, никогаш не очекувајте да си ја признае грешката, ни да се извини.

Доколку сте жртва на нарцистичко малтретирање, побарајте помош. Психичките рани ќе се залечат, животот ќе ви се подобри, а и достоинството полека ќе ви се врати. Дистанцирањето од ваквите особи ќе ја запре сета болка, а ќе ви го поврати менталното здравје.

vo-glavata-na-narcisite-shto-mislat-za-sebe-a-shto-za-drugite-lugje-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава