6 работи од секојдневниот живот кои мора да престанеме да ги правиме

Секојдневниот живот е полн со непотребни навики и лоши манири. Повеќето од нас не се ни свести за тоа дека одредени работи им пречат на луѓето околу нив, или се едноставно непристојни или непотребни.

6-raboti-od-sekojdnevniot-zivot-koi-mora-da-prestaneme-da-gi-pravime1.jpg

Во продолжение погледнете кои 6 работи од секојдневието треба да престанеме да ги правиме:

Обраќање на возачите во градскиот превоз (па и меѓуградскиот) со „шефе“ или „мајсторе“

Ова е многу важно за нашата држава да оди напред и да продолжи да се развива. Зошто? Замислете си дека вие сте професионален кошаркар. Замислете како би се чувствувале вие, при секој ваш гест, публиката да ве нарекува „шеф“ или „мајстор“, а притоа да не правите ништо посебно, односно секој шут да ви е промашен.

И покрај лошата статистика, некој да ве нарекува „шеф“ или „мајстор“, ќе ви удри во глава, па ќе почнете да мислите дека навистина сте добар во тоа што го правите (и покрај тоа што од 22 шута сте погодиле еднаш... во обрач).

Истото се случува и со возачите во јавниот превоз, па така за себе мислат дека се шефови и мајстори, па вртат без трепкачи, или „шефуваат“ на две ленти од улицата.

Ракоплескање кога ќе слета авионот

И овој тренд мора да престане од идентични причини. Замислете колку би било без врска секогаш кога поштарот ќе ви донесе писмо вие да му ракоплескате, или нарачувате за јадење во ресторан, келнерот (по име „Друже“, „Шефе“, „Џони“, „Братми“ или „Баце“) ви ја носи храната, а вие му ракоплескате.

Исто како и овие луѓе, пилотите само си ја вршат работата. Да, нивната работа е малку посериозна, бидејќи во нивни раце се животите на патниците на авионот, меѓутоа ако подлабоко размислите, исто така животот може да ви зависи и од поштарот и келнерот (во екстремно ретки ситуации).

Пишување „ЦЕНА???“ на секоја Фејсбук објава на вашите омилени продавници

За да биде поиронично, на повеќето објави пишува цена, или ја има на самата слика. Само затоа што е „онлајн“ и имате каков-таков контакт со лицата од страната, не мора да значи дека треба да го пишувате тој збор.

Замислете истово да се случуваше во супермаркет. Одите да купите основни намирници за дома, и за секој леб посебно прашувате „ЦЕНА???“.

Потоа доаѓаат на ред краставиците...  „ЦЕНА???“, па одите до киселото млеко... „ЦЕНА???“ и така за чоколадите, најразличните напитоци и така натаму. Овој тренд едноставно мора да престане.

Враќање со „ИМБОКС“ на горенаведеното прашање

Драги онлајн продавници (или продавачи), доколку планирате да ги објавувате вашите артикли на Фејсбук, а притоа не сакате 400 души да ви пишат „ЦЕНА???“ во коментар, пишете ја цената на самата објава.

Ќе ви скрати од времето да им пишувате на сите поединечно „ИМБОКС“ (да, со печатната грешка) во коментар.

Да го проследиме истиот пример од погоре. Одите во супермаркет, и на ниту еден артикл нема цена... Мислам дека никој не сака да пазари во таков маркет. Тие што сакаат, нормално е да прашуваат за цената на секој артикл.

Купување на кучиња и мачиња

Можеби не знаете, меѓутоа доколку прошетате во радиус од 100 метри од вашиот дом, шансите да најдете прекрасно куче или маче кое бара дом се 1:5. Доколку не најдете „мануелно“ односно преку прошетка, тука се секогаш Фејсбук страните за вдомување на миленици.

Да живеевме во Норвешка или Данска или некаде во другите развиени земји каде што не шетаат по улица кучиња и мачки, ќе разберев.

Бидејќи живееме во Македонија, каде што секој ден на социјалните мрежи се објавуваат стотици животни кои бараат дом, не можам да ја разберам потребата од тоа да се купи куче или маче.

Особено во случаи кога станува збор за астрономски цени на истите.

Фрлање отпадоци на сред улица

Да, знам, нема доволно канти за отпадоци во градов... Не знам зошто воопшто треба некој да пишува за ова, и зошто треба допрва да се едуцира нашиот народ на тема фрлање отпадоци во канта за отпадоци.

Рециклирањето за нас е научна фантастика, па така, се надевам дека овој текст ќе допре до барем неколку читатели и на истите ќе им биде непријатно следниот пат кога ќе фрлат отпадок каде што не му е местото.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg