Трикови кои ќе ви помогнат да се „спасите“ од досадните комарци во лето

Летниот период е резервиран за комарците кои на сите им одат на нерви кога ќе почнат да им зујат на уво во сон или ги касаат додека седат со друштво.

trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-od-dosadnite-komarci-vo-leto-01.jpg

Овие здодевни инсекти не се секогаш толку безопасни, бидејќи кај многумина може да предизвикаат и алергиска реакција.

Сепак, дури и да не дојде до тоа, чешањето, промената на расположение и непреспаните ноќи заради нивно бркање, не се воопшто пријатни.

За среќа, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да се спасите од нив:

Одберете соодветна облека

За да спречите комарците да ви ги уништат летните вечери, обрнете внимание на облеката и дајте им предност на лесните материјали со светла боја. Црната облека емитира топлинска енергија, а тоа ги привлекува инсектите.

trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-od-dosadnite-komarci-vo-leto-02.jpg

Градината како заштита

Некои растенија имаат моќ да ги заплашат инсектите, вклучувајќи ги и комарците. Во градината засадете лимонова трева, лаванда, маточина, нане, босилек, џунџуле или ставете на масата каде што седите некое од овие растенија.

trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-od-dosadnite-komarci-vo-leto-03.jpg

Есенцијални масла

Есенцијалните масла се исто така од голема корист против инсектите, а нивниот мирис можете да го раширите преку мирисливи стапчиња или во форма на спреј.

Против комарци најкорисни се маслата од лимонова трева, босилек, чајно дрво, рузмарин и слично.

trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-od-dosadnite-komarci-vo-leto04.jpg

Закачете кеса со вода

Наполнете проѕирна кеса со вода, заврзете ја цврсто и закачете ја на таван, прозорец или друго видливо место.

Оваа генијална идеја помага кога мувите или комарците ќе пролетаат покрај кесата да го видат просторот на собата во искривена форма, а тоа ги плаши и одлетуваат.

За подобар ефект може да додадете и неколку монети во водата заради рефлексијата во водата која им е уште понепријатна на инсектите.

trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-od-dosadnite-komarci-vo-leto05.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg