Што ќе се случи ако сите луѓе во ист момент станат вегани?

Теоретски, доколку сите наеднаш станеме вегани, милиони и милиони животни од фармите ќе бидат пуштени на слобода. Тоа ќе предизвика многу логистички проблеми, но ќе реши и многу други...

shto-kje-se-sluchi-ako-site-lugje-vo-ist-moment-stanat-vegani-01.jpg

Фарми и животински живеалишта

Доколку наеднаш престане одгледувањето на домашни животни за месо, млеко и јајца, околу 3,5 милијарди животни и 19 милијарди единки живина ќе бидат „ослободени“ од предвидената судбина. Но, тоа не значи дека слободно ќе шетаат по полињата. Голем дел ќе бидат изедени од дивите животни.

Најверојатно би требало да продолжат да се одгледуваат во импровизирани фарми, каде нема да изгладнат и ќе бидат заштитени од предаторите.

shto-kje-se-sluchi-ako-site-lugje-vo-ist-moment-stanat-vegani-02.jpg

Емисија на гасови

Како што е познато, кравите испуштаат големи количини метан, кој сам по себе е помалку опасен за озонската обвивка отколку издувните гасови од производството на храна.

Тоа би значело дека емисијата на штетни гасови глобално би се намалила за 28%.

shto-kje-se-sluchi-ako-site-lugje-vo-ist-moment-stanat-vegani-03.jpg

Употреба земјиште за фарми и земјоделство

Во моментов, 68% од земјиштето наменето за фарми и ниви се употребува за одгледување домашни животни. Ако само една петтина од оваа територија се засади со земјоделски култури, ќе се обезбедат доволно приноси што ќе ја надоместат количината на изедени месо, јајца, млеко и млечни производи годишно.

shto-kje-se-sluchi-ako-site-lugje-vo-ist-moment-stanat-vegani-04.jpg

Глобално здравје

Ако сите се откажеме од месо и други продукти од животинско потекло, смртноста од срцеви заболувања ќе се намалува со секоја следна година. Исто така, се намалува и ризикот од мозочни удари и рак, особено на дигестивните органи.

Но, проблем се појавува поради недоволната количина на протеини и витамини А, Б12 и Д во растенијата кои ќе ги јадеме. Всушност, ќе биде потребно одредени овошја или зеленчуци генетски да се модифицираат или пак да се зголеми употребата на суплементи и додатоци во исхраната.

shto-kje-se-sluchi-ako-site-lugje-vo-ist-moment-stanat-vegani-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава