Сеќавања од детството - реалност или всадена фикција?

Во просек, една личност не може да памти што се случувало пред да наполни четири години.

sekjavanja-od-detstvoto-realnost-ili-vsadena-fikcija-01.jpg

Кај некои луѓе најраните спомени од детството се од почетокот на образованието, а други може да изненадат со податок кој теоретски не би можеле да го памтат, бидејќи биле премали.

Спомените се нешто скапоцено за секоја личност. Благодарение на нив знаеме кои сме, од каде доаѓаме и каде припаѓаме.

sekjavanja-od-detstvoto-realnost-ili-vsadena-fikcija-03.jpg

Темелните истражувања на британскиот универзитет Бредфорд ја потврдиле теоријата дека спомените почнуваат да се формираат меѓу 3 и 4 години. Исто така, во студијата што ја спровеле, се јавиле и испитаници кои памтат нешто од пред таа возраст.

Но, резултатите од истражувањето велат дека тоа не се реални сеќавања, туку се само слики кои останале во нивната глава, бидејќи биле доста повторувани од блиските членови на семејството.

sekjavanja-od-detstvoto-realnost-ili-vsadena-fikcija-02.jpg

Така, она на што се сеќавате, на пример како ја дувате свеќичката на тортата за првиот роденден, во најголем дел е ментален приказ на споменот.

Сигурно сте гледале снимка, фотографија, ви останал фрагмент од настанот во сеќавањето, а родителите се потсетувале на тоа. Токму овој склоп прави вие всушност да мислите дека имате јасно сеќавање, но тоа е всушност само споени делови од сложувалка.

Спомените од периодот меѓу 3 и 4-годишна возраст се делумно јасни, а веќе меѓу 5-тата и 6-тата година од животот детето започнува да формира реални спомени, исти како оние кај возрасните луѓе.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
10 реални ситуации што може да ви се случат кога ќе отидете во продавница „само по леб“ Одите во продавница по пижами со надеж дека нема да сретнете никој познат или со...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава