Што не се купува со пари?

25-raboti-koi-ne-se-kupuvaat-so-pari-povekjeДенес е важно да бидеме благодарни на она што го имаме, да ги цениме работите кои не чинат ништо. Можеби ви се чини дека бесплатните работи не се...

 

...многу, но ако погледнете наоколу ќе забележите многу повеќе од ова што ние ќе ви го наведеме.

Ова се работи кои не се купуваат со пари, а кои треба да ги цениме пошто го прават нашиот живот поубав.

25-raboti-koi-ne-se-kupuvaat-so-pari

1. Погледот кој ви го упатува кучето – Знаете оној тажен поглед полн со љубов кој го разнежнува сечие срце?!

2. Љубезност – понудете го седиштето на постарите, придржете ја вратата, насмејте се.

3. Членство во библиотека – не чини речиси ништо, а можете да прочитате се’ што има во библиотеката и се што ви душа сака.

4. Прошетка во природа. Го намалува стресот, ги расчистува мислите и умот и дава нова перспектива во животот.

5. Кокетирање – Не е важно дали сте во брак или слободни, секогаш можете да ја шармирате околината.

6. Време – Времето е највредното нешто кое го имаме. Не го трошете залудно на луѓето кои не заслужуваат.

7. Топла бања. Понекогаш единствено топла када помага да одиме мирно во кревет.

8. Тишина и осаменост. Можете да се оддалечите од се и сите и да уживате во сопственото друштво.

9. Улични музичари – Додека во глава ви се врти списокот со работи кои треба да ги купите одеднаш целата ваша замисленост е прекината од прекрасната музика на уличните свирачи.

10. Стари пријатели – Тие ве знаат од времето кога уште мочкавте во гаќи, ја знаат вашата катастрофална фризура. Може да ви се јават и во 3 наутро, да ве насмеат до солзи и најважно – знаат да ги чуваат вашите тајни.

11. Нови пријатели – Тие не ја чуле анегдотата кога сте паднале од велосипед, па внесуваат нова возбуда во вашиот живот.

12. Краток попладневен сон – Ако дремнете во чиста постелнина додека заоѓа сонцето или додека ги слушате дождовните капки, ќе се чувствувате како во рајот.

13. Добар сон ноќе – Легнете во кревет имајќи на ум дека до утрото немате обврски и ништо не можете да поправите.

14. Самосвесност. Чувствувајте се добро во сопствена кожа. Правете работи кои ве прават среќни и исполнети.

15. Есен – есента е време за нова љубов, нови почетоци, нови одлуки...

16. Работи кои ги кажуваат децата – кога без причина ќе ви кажат дека сте убави, ќе ве прашаат за името..секој детски збор и досетка е непроценлив.

17. Простување. Признајте дека сте погрешиле, но дозволете и другите да згрешат.

18. Бакнување – и се што следува потоа или се случило пред тоа.

19. Самодоверба. Не доаѓа со новите чевли. Но, тоа одамна го знаете.

20. Семејство. И небото знае дека понекогаш ве излудуваат, но нема чувство поубаво од семеен собир. Тоа се луѓето кои ве сакаат неизмерно многу познавајќи ги сите ваши мани и доблести.

21. Танцување. Можност да го опуштите телото, да се забавувате. Препуштете се на ритамот.

22. Разбирање. Имајте разбирање за сите. Научете како да ги ислушате оние кои ви значат.

23. Изгревање и залез на сонцето. Секој ден без никаква влезница или претплата може да уживате во најубавите глетки на светот.

24. Време за во кревет. Секој пат кога своето дете или сестра, брат, ќе го бакнете во челото и ќе му посакате добра ноќ или кога ќе се вовлече во вашиот кревет...овие моменти се бесценети!

25. Чувството дека сте дале се од себе! Животот може да биде комплициран и тежок, но чувството на гордост и самозадоволство кога знаете дека сте дале максимум, е милион пати подобар од била каква надворешна манифестација на успехот.

Нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
Што претставува Вика, религиозното движење на современите вештерки? Вештерките отсекогаш биле популарна тема во приказните, митовите и легендите, а ...
Предвидувања на баба Ванѓа за 2024-та: Економска криза, но и лек за рак Иако пророштвата на баба Ванѓа треба да се читаат со доза скептицизам, најмногу ...
5-те најпознати изгубени технологии за кои уште не знаеме како настанале Светот никогаш не бил повеќе технолошки напреден отколку што е сега, но тоа не з...
6 работи кои никогаш не треба да ги правите пред спиење, особено во лето Експерти советуваат спалната соба да се резервира исклучиво за спиење и секс, па...
Инфлуенсери кои биле уапсени во Дубаи - 5 години затвор за исмејување на богатите Арапи Девојка која висеше на работ на кулата „Кајан“, момче кое ги исмејуваше богатите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg