4 предизвици со кои се соочуваат студентите во странство речиси секој ден

Кога заминувате на студирање во странство, сте свесни дека ќе ви треба подолг период на прилагодување, особено ако сте во култура поразлична од нашата.

4-predizvici-so-koi-se-soochuvaat-studentite-vo-stranstvo-skoro-sekoj-den-01.jpg

Иако знаете дека дури и физичките карактеристики може да ве издадат дека не потекнувате од таа држава, понекогаш дури и однесувањето на другите може да биде дури и дрско.

Поради тоа, треба да се соочувате со одредени предизвици или да влегувате во некои непотребни објаснувања поврзани со стереотипите за вашето потекло.

1. Постојано ве прашуваат од каде сте

Секој разговор започнува со прашање за вашето потекло и најчесто соговорникот го знае само главниот град на вашата матична држава, или во нашиот случај, многупати не слушнале ни за државата.

Потоа, очекувајте да следат прашања поврзани со „каде се наоѓа тоа“, кои се градови и места во соседството.

4-predizvici-so-koi-se-soochuvaat-studentite-vo-stranstvo-skoro-sekoj-den-02.jpg

2. Добивате комплименти за зборувањето на англискиот или јазикот во државата каде сте

Секако дека треба да го знаете јазикот на кој студирате и сигурно сте вложиле и време и пари во соодветен курс.

Токму поради тоа е сосема разбирлива желбата да превртите со очите кога некој е „зачуден“ како тоа не сте тотално неупатени во странските јазици.

3. Растргнати сте меѓу домашните и тамошните вредности

Сосема е нормално да доживеете криза на своите сфаќања, особено по неколку месеци поминати во странство. Од една страна, сакате да се вклопите и да ја прифатите тамошната култура, но од друга страна не сакате да заборавите кои сте и од каде доаѓате.

4-predizvici-so-koi-se-soochuvaat-studentite-vo-stranstvo-skoro-sekoj-den-03.jpg

4. Предрасуди околу образованието

Многумина од тамошните колеги ќе донесат заклучок дека и не сте доволно образовани, базиран на некоја предрасуда.

Но, ова не треба да биде навредливо за вас, бидејќи вие точно знаете колку сте вложиле и што сè сте направиле за да можете да заминете на студии во странство. Дури и ако имате стипендија, сигурно напорно сте работеле за да ја стекнете.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg