Карактерот според датумот


Карактерот според датумот

datumot-na-ragjanje-go-otkriva-vasiot-karakter-povekjeДатумот на кој сте родени открива дел од вашите карактеристики. Проверете колку има вистина и поврзаност меѓу денот на раѓање и вашата личност.

 

1 Луѓето родени на први во месецот се како шеќер и сол. Бурни се во љубовта и никогаш не се повлекуваат во тишина. Не се замерувајте со нив.

2 – Родените на втори се карпи и трње. Да се биде со нив е голема чест, но и ризик. Никогаш не простуваат предавство.

3 Родените на трети се како камен и афион. Опиеноста од себе често им удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно.

4 Родените на четврти се како мали кутриња. И умеат да гризаат, зар не? Со нив во љубовта никогаш не сте сигурни. Дали ќе остане со вас или нема?

5 Се споредуваат со чаша полна мед, а под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, затоа долго ќе останете жедни.

6 Луѓето родени на 6-ти се како врани. Она што ќе го најават, тоа и ќе го исполнат. Лесно е да ги повредите. Многу се чувствителни.

7 Тие се како птица во лет. Малку на небото, малку на земјата. Набљудуваат. Знаат да бидат мошне забавни во друштво.

8 Родените на осми се како театарски актери. Долго чекаат улога, а кога ќе ја добијат ја завршуваат како што треба. По свое.

9 – родените на деветти се како ларви. Се развиваат во убави пеперутки, но брзо се “гаснат“ ако не се хранат со љубов.

10 родените на десеттиот ден од месецот имаат карактеристики на желка. Секогаш доаѓаат до целта, без оглед на патот кој треба да го изодат. Ништо не им е тешко.

11 Тие се како море. Неистражени и привлечни, но и опасни ако ги изневериш. Немој ништо да им ветуваш, ако не си во состојба да го исполниш.

12 Родените на 12-ти имаат карактеристики на патка. Немирна од надвор, мирна од внатре. Прават добри дела на сопствена штета.

13 Луѓето родени на 13-ти во месецот се тешко дофатливи. Карактеристики на коприва. Додека сакаат простуваат дури и невертво. Иако не сакаат да заповедаат, папучи носат само на нозете.

14 Лавовски број за лавовски карактер. Ловат додека не уловат, но и одбиваат ако не им одговара “мирисот“. Многу се паметни и итри.

15 Родените на 15-ти се како кртови. Не се откажуваат по ниту една цена. Сакаат додека не се изгорат. Се држат до стилот.

16 Родените на 16-ти се како бамбусово дрво. Флексибилни и итри. Лесно е да им пријдеш затоа што се приемчиви кон секого. Дарежливи додека некој не ги изневери.

17 Родените на 17-ти се како плима и осека. Добри, но внимателни во одлуките. Клучот секогаш лежи во нивни раце.

18 Родените на 18-ти се како корали. Тешко се доаѓа до нив, но кога ќе ги освоиш даваат мир и сигурност. Внатре горат, но од надвор тешко ќе забележите.

19 Истрајни во она што ќе наумат. Оставаат трага и впечаток каде и да се појават. Тежок и специфичен карактер.

20 Родените на 20-ти имаат карактеристики на полжав. Бараат сигурност, а би патувале доживотно. Тешко е да им се погодите бидејќи се несигурни во себе.

21 Карактер на стоногалка. Необичен спој на љубов и војна. Премногу сакаат од еднаш. Се шират на сите страни, па тешко се враќаат назад.

22 Луѓе – срни. Топли и отворени, полни сочувство за останатите. Свесни се за своите можности и способности и никогаш не се преценуваат.

23 Родените на 23-ти се како перја од гуска. Од една страна глатки, но со другата бодат право во грб. Често се непредвидливи.

24 Бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Често пати знаат да се преморат од работа, но упорноста е нивна главна карактеристика.

25 Како коњите. Малку бараат за себе, а прават многу работи за останатите. Прашуваат за да не погрешат. И туѓите грешки не ги прифаќаат лесно.

26 Карактер на слон. Чувството на припадност им е најважно. Попрво ќе го премолчат нападот отколку да вратат со навреда.

27 Карактер на видра. Среќата не ги заобиколува, но ја чекаат долго време. Иако слушаат, често не ги дослушуваат соговорниците.

28 Секогаш се борат за правда иако често ја губат битката. Активни и жестоки, настојуваат да го променат светот и правилата.

29 Родените на 29-ти имаат карактер на петел. Ги чуваат блиските од секакв напад. Големи романтичари (но, кријат). Сакаат да покажуваат на дело.

30 На 30-ти се родени луѓето – мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат навистина и го мислат.

31 Совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат многу, не откриваат многу за себе. Знаат да донесуваат брзоплети одлуки често.

Би можело да ве интересира:

Што значи да бидеш човек, низ 15 фотки Нема кој не се запрашал што се случува со светот во последно време? Затоа момент...
На која возраст жените имаат најголема самодоверба за своето тело? Проблемите со самодовербата исчезнуваат или барем се намалуваат на одредена возр...
Весна, Ирис и уште 3 прекрасни женски имиња кои симболизираат пролет Од пролетта нè дели еден месец и сите ја очекуваме со нетрпение. Сезоната на нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg