Викенд-ритуали што децата родени после 1995-та нема никогаш да ги разберат

Ниту ние сме имале детство како нашите родители, ниту нашите деца некогаш ќе знаат какво било нашето. Можеме само да им раскажуваме.

vikend-rituali-shto-decata-rodeni-posle-1995-ta-nema-nikogash-da-gi-razberat-01.jpg

Секое време си носи свои убавини, поради кои или им завидуваме на родителите или пак, сакаме да живееме во модерно време, како тоа што го прават денешните млади луѓе.

Секоја генерација си има свои карактеристики, но и навики кои ги практикувала некогаш, но не може да ги употреби во денешно време, од очигледни причини.

Еве какви беа викенд-ритуалите на генерациите родени од 1980-та, па до 1995-та, кога интернетот и технологијата не беа во подем.

1. Никој не знае што сте правеле за викенд

Освен ако не сте договорени со нив, школските другарчиња не знаат што сте правеле за викенд, сè до понеделник, кога споделувате каде сте биле со родителите и роднините.

2. Испланирана комуникација

„Јави ми се околу 12, дома ќе бидам“. Во денешно време, со мобилните телефони, не мора да се договарате, бидејќи сте достапни каде и да сте.

vikend-rituali-shto-decata-rodeni-posle-1995-ta-nema-nikogash-da-gi-razberat-03.jpg

3. Гледавте филмови на телевизија

Во кината немаше проекции секој ден, ниту пак можевте да се претплатите на Нетфликс, ниту да симнувате торенти. Телевизијата беше единствена опција за гледање филмови, евентуално видеотека.

4. Имавте шифри и измислени јазици со пријателите

Кога фиксниот телефон стоеше во дневната соба или во ходникот, единствено што можевте да направите е да ги шифрирате разговорите, за да звучат наивно и несомнително.

5. Новите хитови ги слушавте на радио, спотовите на MTV и VIVA

Дека омилениот пејач има нова песна, дознававте ако го начекате спотот на некој од музичките канали. Потоа можевте да го купите албумот, најчесто касета, и да ја „вртите“ омилената песна.

vikend-rituali-shto-decata-rodeni-posle-1995-ta-nema-nikogash-da-gi-razberat-04.jpg

6. Семејни ритуали за викенд

Ги гледавте спортските натпревари кои ги имаше на неколкуте ТВ-канали, игравте пукање патки на Нинтендо, „ѕиркавте“ по нешто од филмовите што ги гледаа родителите и ви беше крајно здодевно кога гледаа вести.

7. Недела е ден за одмор

Во сабота ве шетаа по паркови и игралишта, а во недела, се знае, семеен ручек, бањање и легнување рано, бидејќи утре сте на училиште, а родителите на работа.

8. Јавување во „непристојно“ време

Родителите не ви дозволуваа да телефонирате за време на ручек и вечера, а коментираа гласно дека е непристојно, доколку заѕвонеше телефонот кај вас дома.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава