Храбри одлуки кои луѓето ги донеле во своите 20-ти

Колку и да оди светот напред, да се живее различно од општествените норми и традиции е навистина голема храброст.

hrabri-odluki-koi-lugje-gi-donele-vo-svoite-20-ti-01.jpg

Уште од деца сме учени на одредени вредности кои се „нормални“, на пример запишување факултет веднаш по матурата, дипломирање со пола до една година задоцнување, работа по струка, создавање семејство пред 30-тата...

Но, во исто време постојат и многу храбри луѓе кои сфатиле дека таквиот начин не им одговара и внесле промени, кои сигурно не им се допаѓале на нивните блиски.

„Раскинав долгогодишна врска на свои 27 години. Убаво ми беше, но тоа не беше личноста со која сакам да создадам семејство.“

„Паузирав со студирањето. Наместо на 23 години, дипломирав на 26. Секако ќе дипломирав тогаш, но вака го искористив времето подобро.“

„Штотуку наполнив 21 година и решив да се преселам од дома. Сè е супер, освен трошоците за живот. Тие баш и не се кул.“

hrabri-odluki-koi-lugje-gi-donele-vo-svoite-20-ti-03.jpg

„Се вселивме заедно со момчето. По два дена се отселив. Не бевме еден за друг.“

„Се преселив во држава далеку од дома и од пријателите. Храбро, но правилно за мене.“

„Сфатив дека не сакам да имам ниту брачен партнер, а уште помалку деца.“

„Се преселив во главниот град. Не ми тргна баш најдобро, но далеку од родителите сфатив дека сакам да станам писател и да посвојам куче.“

hrabri-odluki-koi-lugje-gi-donele-vo-svoite-20-ti-02.jpg

„Престанав да им 'служам' на родителите, на сестра ми, на пријателите и на општеството и го правам она што мене ми се допаѓа.“

„Живеев од плата до плата. Тешко беше, но научив да го ценам секој заработен денар.“

„Почнав да ги слушам родителите. Сфатив дека нивните искуства ме прават помудра.“

hrabri-odluki-koi-lugje-gi-donele-vo-svoite-20-ti-04.jpg

„Престанав да барам забава во алкохолот. Можеби ми е поздодевно на забавите, но барем следниот ден не ме боли главата.“

„Признав гласно дека страдам од анксиозност и побарав помош.“

„Ја вратив верата и почнав повторно да одам во црква.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава