Зошто бумерангот се враќа назад и уште 2 информации за тие што сакаат да знаат сè

Дали и вие дома имате касичка во форма на прасе? Сте се запрашале ли зошто токму овој облик се смета за традиционален?

zoshto-bumerangot-se-vrakja-nazad-i-ushte-2-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-01.jpg

Дали сте љубопитен човек кој го интересира вистината како функционираат сите работи околу нас?

Ако е така, тогаш овие информации ќе би бидат добредојдени:

Зошто бумерангот се враќа назад?

Бумерангот ни изгледа како „оружје“ кое го повредува самиот ловец, го фрламе и тој ни се враќа назад. Сепак, ова не важи за сите бумеранзи, туку само за оние со специфична форма и големина.

Во минатото австралиските Абориџини бумеранзите што се враќаат не ги користеле за лов, туку за религиозни обреди.

Тие се враќаат бидејќи за време на летот аеродинамичната сила дејствува на патеката на летот на бумерангот, а бумерангот додека лета исто така ротира и аеродинамичната сила не дејствува еднакво на целата негова површина. Поради тоа тој постојано застранува од неговата траекторија и како резултат на тоа прави круг и во еден миг се враќа на местото од кое тргнал.

zoshto-bumerangot-se-vrakja-nazad-i-ushte-2-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-02.jpg

Зошто касичките ги прават во форма на прасиња?

И покрај тоа што денес може да најдеме касички во секакви форми, оние во форма на прасиња се сметаат за традиционални. Првите такви касички ги правеле Британците и сето тоа настанало поради игра на зборовите pygg (што значи црвена глина) и pig (што значи свиња).

Во минатото сиромашните луѓе немале да си дозволат да купат метал, па од црвена глина, која била лесно достапна, си правеле теглички во кои си ги чувале парите, монетите. Тогаш немало банки и заштедата ја чувале така.

Со текот на времето поради сличноста во изговарањето тегличките за заштеда почнале да се прават во форма на прасиња и се прошириле низ цела Европа.

zoshto-bumerangot-se-vrakja-nazad-i-ushte-2-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-04.jpg

Дали и коалите имаат уникатни отпечатоци на прсти како луѓето?

Коалите се цицачи како и луѓето, но имаат и папиларни обрасци на прстите како и луѓето. Па така ако коала „изврши злосторство“, полицијата може да се збуни и да го бара виновникот помеѓу луѓето затоа што нашите отпечатоци не можат да се разликуваат од отпечатоците на овие слатки животни.

Се смета, дека папиларните линии на прстите им помагаат на коалите полесно да ги фаќаат лисјата од еукалиптус со кои се хранат.

zoshto-bumerangot-se-vrakja-nazad-i-ushte-2-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-03.jpg

Прочитајте и Зошто модринките ја менуваат бојата и уште 5 информации за тие што сакаат да знаат сè!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
8 смешни ситуации во кои ќе се препознаат сите што барем еднаш биле во музеј или на изложба На изложбите со современа уметност не може секогаш да сте сигурни дали гледате в...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
„Ги однесов моите деца-тинејџери на операција за скратување на желудникот, за да не се малтретираат ... „Пробував да им готвам здрави оброци, но многу сакаат пржена и мрсна храна. Една...

Најчитани неделава