Како да се справите со дрските прашања без да создадете непријатна ситуација?

Во периодот од годината кога се во ек разните слави и прослави, често ќе доаѓате во контакт со луѓе кои секогаш ќе имаат нешто да ве прашаат, дури и да не е тоа нивна работа.

kako-da-se-spravite-so-drskite-prashanja-bez-da-sozdadete-neprijatna-situacija-01.jpg

Понекогаш овие прашања ги преминуваат границите и навлегуваат во приватноста или во теми за кои не сакате отворено да зборувате.

Ова се четири начини за излегување на крај од ваквите ситуации:

Вратете со иста мерка

Овој метод не може да го примени секој, туку треба да знаете да бидете и примерно дрски и да не се вознемирувате од содржината на прашањата.

Така, кога ќе ве прашаат следен пат за брак, деца или друга работа, вратете со иста мерка или со најбезболното „Не сакам да зборувам за тоа“.

Одговорете без одговор

Одговорите без одговор се одличен психолошки трик кој можете да го применувате, за да бидете и фини и да избегнете одговор. Можете да кажете „Благодарам на прашањето“, „Одлично прашање, многумина ми го поставиле“ или „Ми значи што се грижиш“.

kako-da-se-spravite-so-drskite-prashanja-bez-da-sozdadete-neprijatna-situacija-02.jpg

Вратете со шега

Дозволено е да користите хумор и разумни дози на иронија и сарказам. На прашањето „Кога деца?“, можете да одговорите со „Не, не, алергичен/на сум на нив!“

Заобиколете ја темата

Можете да се направите дека не сте го чуле прашањето и да се обратите на некој друг од присутните и тоа со комплимент. Исто така, можете и да дадете комплициран одговор кој ќе ги замолчи и потоа да го тргнете рефлекторот од себе.

А што е најдобро што можете да направите за да им биде непријатно за дрските прашања? Да нагласите дека никогаш не прашувате за нешта што не се ваша работа.

kako-da-se-spravite-so-drskite-prashanja-bez-da-sozdadete-neprijatna-situacija-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава