Мали навики кои секојдневно ви го уништуваат животот

Среќата секој ја наоѓа во различни нешта и не постои една универзална дефиниција за среќа.

mali-naviki-koi-sekojdnevno-vi-go-unishtuvaat-zhivotot-01.jpg

Секој е среќен на свој начин, но психолозите и научниците не се сложуваат целосно со тоа и сметаат дека постојат работи кои го спречуваат задоволството.

Многу често може да се чувствувате неубаво заради некои обични работи и мали секојдневни ритуали, без воопшто да обрнете внимание на тоа.

Затоа е важно да научите како да бидете среќни и кои работи треба да ги избегнувате, бидејќи ништо што е претерано не е добро.

Листа од неколку работи кои несвесно ви го уништуваат животот:

Постојано седите

Со работата на компјутерите, развојот на интернетот и другите навики, многумина поголем дел од денот го поминуваат во седење.

Седење на работа, седење во автомобил или автобус, седење дома и гледање телевизија или седење на кафе со пријателите.

Но, без доволно движење, нивото на некои хормони задолжени за среќата се намалува, па обидете се да вклучите активност во секојдневието.

mali-naviki-koi-sekojdnevno-vi-go-unishtuvaat-zhivotot-02.jpg

Избегнувате зајакнување на односите со пријателите

Научниците докажуваат дека луѓето кои имаат силни врски и пријателства живеат подолго и помалку патат, иако се далеку од богати.

Силната љубов и цврстите односи со блиските, а не парите и социјалниот статус, даваат стабилност и чувство на среќа, а ако ги избегнувате дружењата во потрага по успехот, никогаш нема да бидете доволно среќни.

mali-naviki-koi-sekojdnevno-vi-go-unishtuvaat-zhivotot-03.jpg

Го поминувате цел ден во затворени простории

Сите знаат дека дома-работа-дома не помага за среќен живот, но изгледа дека киното, театарот, клубовите, рестораните и другите места кои се надвор од дома, но сепак во 4 ѕида, се исто така штетни, односно попречуваат среќен живот.

Затоа, иако не треба да ги избегнувате овие места, сепак обидете се повеќе да вклучувате активности во природа, посебно на непознати места, чие истражување ќе ве прави среќни.

mali-naviki-koi-sekojdnevno-vi-go-unishtuvaat-zhivotot-04.jpg

Не правите ништо корисно

Не е доволно само да гледате да правите нешто што моментално ви причинува задоволство, туку треба да се обидете и да направите нешто, односно да се почувствувате корисно.

Дури и најмалите дела може да ви ја кренат мотивацијата и да ви го подобрат расположението.

Купете некому подарок, напишете емотивна порака, обојте го ѕидот, направете нешто што некого го прави среќен – сите мали работи ви ја враќаат стабилноста и ви даваат чувство дека не го живеете животот залудно.

mali-naviki-koi-sekojdnevno-vi-go-unishtuvaat-zhivotot-05.jpg

Се изолирате од другите

Во времето на индивидуализам, многу е важно да припаѓате и во некоја група, за да се чувствувате поврзани со нешто повеќе од себеси или семејството.

Не избегнувајте дружење со повеќе луѓе, вежбање во група или играње игри во група.

mali-naviki-koi-sekojdnevno-vi-go-unishtuvaat-zhivotot-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...

Најчитани неделава