Како да направите дигитална детоксикација?

Дали го вклучувате мобилниот веднаш штом ќе се разбудите? Дали поминувате голем дел од денот задлабочени во екранот од компјутерот? Се забавувате ли на друштвените мрежи додека се возите со јавен превоз?

kako-da-napravite-digitalna-detoksikacija-01.jpg

Ако на сите прашања одговоривте потврдно, тогаш можно е да сте идеален кандидат за дигитална детоксикација.

Во продолжение прочитајте неколку предлози кои ќе ви помогнат да се решите од дигиталната зависност.

Одвојте време за себе

Научете да се забавувате и без светлосниот екран. Пронајдете друга забава како што е читањето книга, решавањето крстозбори или поминете некое време во тишина.

Уживајте во секој момент поминат без бучава, дозволете му на умот да го впие мирот од опкружувањето.

Изгасете ги светлата

Исклучете ги сите светла во домот. Истражувачите од Харвард докажале дека користењето на мобилниот телефон пред спиење може да го наруши производството на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот и делува како најсилен антиоксиданс во телото и стимулатор на имунитетот.

Мобилниот телефон може да направи да спиете пократко и полошо, што на подолг рок може да предизвика сериозни здравствени тегоби. За да му помогнете на телото да го добие потребниот сон, одморајте се во мрак и без електронски уреди во спалната соба.

Бидете помалку дружељубиви

Секако ова не важи за реалниот свет, туку за виртуелниот. Фејсбук, Твитер, Инстаграм и другите социјални мрежи ве спојуваат со познаници и пријатели и ве прави дел од една заедница, но исто така, ви го троши слободното време, посебно доколку сте дел од многу групи.

Можете со часови да „скролате“ гледајќи секакви фотографии, вести и објави. Затоа, следен пат, пред да отворите некоја друштвена мрежа, поставете си аларм да заѕвони на пример за 10 минути од кога сте се вклучиле. Штом ќе заѕвони, веднаш исклучете се.

Одете на места каде што мобилните телефони не се дозволени

Поминувајте што е можно повеќе време на места каде што користењето на мобилниот телефон не е дозволено. Тоа може да биде некое јога студио, базен, простор за медитација или молитва, некоја креативна работилница каде што рацете и умот ќе ви бидат зафатени.

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава