Неколку нешта што луѓето ги дознаваат за вас само преку првиот впечаток

Некои нешта што сте ги оставиле со првиот впечаток можете да ги промените со тек на време, со помош на однесувањето. Други пак, ги покажувате со самата појава и неколку кажани зборови.

nekolku-neshta-shto-lugjeto-gi-doznavaat-za-vas-samo-preku-prviot-vpechatok-01.jpg

Многу нешта не можеме да ги „контролираме“ кога е во прашање првиот впечаток, на пример каква облека носиме, говорот на телото и физичките карактеристики.

Прочитајте што сè друго за вас зборува вашата појава и што луѓето „пресудуваат“ врз основа на тоа:

Вашиот статус

И со поевтина облека можете да изгледате пристојно и коректно, но доколку се видливи брендираните парчиња, тие веднаш ќе препознаат дека уживате повисок паричен стандард. Но, тоа не влијае врз вашања љубезност, атрактивност и доверливост.

Доверливоста

По само 10 секунди со вас, луѓето проценуваат дали може да ви веруваат. Врз основа на цртите на лицето, говорот на телото, фацијалните експресии и поставеноста кон другите, оставате впечаток дали сте човек од доверба или не.

Сексуалната ориентација

По 20 секунди, соговорникот може да создаде претпоставка за вашата сексуална ориентација со точност повисока од 90%.

nekolku-neshta-shto-lugjeto-gi-doznavaat-za-vas-samo-preku-prviot-vpechatok-02.jpg

Дали сте паметни

Како изгледате додека зборувате и усогласеноста на движењата со зборовите е јасен знак дека сте паметна личност. Исто така влијае и дали гледате во очите на соговорникот и самиот тон со кој зборувате.

Дали сте успешни

Надворешниот изглед точно покажува дали сте успешна личност. Тука не се мисли на скапа облека и средени фризура и евентуално шминка, туку самиот став кој го носите и самоувереноста во своите способности.

Дали можете да бидете пријатели

Всушност, тоа може да го намириса нашиот нос. Ако детектирате мирис кој ви е познат и пријатен, тогаш со таа личност можете да воспоставите однос на повисоко ниво. Психологијата зад ова сè уште не е доволно позната.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава