Како да одбиете пријател кој ви побарал пари?

Позајмувањето пари е чувствителна тема и непријатен процес и треба да имаме разбирање за оние чиј принцип е на никого да не даваат пари.

kako-da-odbiete-prijatel-koj-vi-pobaral-pari-01.jpg

Колку и да сте блиски со некого, навистина не сте должни да му давате пари, доколку тоа не го сакате. Но, потешко е да кажете на таа личност дека ја одбивате.

Секако, некои луѓе би имале разбирање за тоа дека не сакате да позајмувате што било, а особено пари. Но, има и такви кои ќе ви прибележат за тоа или ќе ви се налутат. Многумина би потклекнале и би позајмиле, дури и кога не сакаат да го направат тоа.

Но, не смее да се заборави дека постојат и оние кои ќе ве избегнуваат од истиот момент кога ќе им ги дадете парите. Навистина непријатна ситуација.

Постои ли начин да се извлечете од ваквата ситуација? И да и не.

Размислете со кого си „фаќате“ работа пред да позајмите дури и 100 денари

Сигурно нема да му давате договори за позајмица на пријателот, но од друга страна вие макотрпно сте ги заработиле тие пари и треба да бидете сигурни дека ќе ви ги вратат. Размислете дали ѝ верувате на таа личност, дали е одговорна и дали сте сигурни дека барем ќе се потруди да ви ги врати позајмените пари.

kako-da-odbiete-prijatel-koj-vi-pobaral-pari-02.jpg

Понудете помош, наместо позајмица

Многу луѓе не гледаат на честењето кафе или ручек како позајмица, бидејќи тоа најчесто го прават искрено и од срце. Но, кога треба да дадат поголема сума пари „на гладно“, нивниот мозок функционира поинаку. Затоа, прашајте дали можете да помогнете некако за надминување на ситуацијата, пред да дојдете до парите како крајно решение.

Споделете го лошото искуство од минатото како објаснување

Ако уште имате должници од минатото, кажете го тоа. Објаснете ја финансиската загуба и како сте се чувствувале изневерено кога личноста почнала да ве избегнува. Би требало да имаат разбирање.

kako-da-odbiete-prijatel-koj-vi-pobaral-pari-03.jpg

Сепак, направете договор

Консултирајте правници за можностите позајмицата да ја официјализирате со договор, со услови и членови. Тоа е за безбедност и на двете страни.

Потсетувајте ги на долгот

Ако сте свесни дека не можат да ви го вратат долгот, барем не наеднаш, во договорот ставете член за висина на рата. Но, сепак, доколку не сакате да позајмувате, подобро е да не го направите тоа, наместо да биде непријатно за сите.

Исто така, доколку сте финансиски моќни, гледајте ја позајмицата како подарок за личноста, кој веќе никогаш нема да го видите. Всушност, ќе бидете изненадени кога ќе ги добиете парите назад.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава