Медитацијата и боите: Сина за мир, црвена за страст

Ако сте веќе длабоко навлезени во медитацијата и таа е веќе ваше секојдневие, сигурно сте почнале да ги проучувате влијанијата на боите, кристалите и аромите.

meditacijata-i-boite-sina-za-mir-crvena-za-strast-01.jpg

На пример, кристалите, можат да ја засилат енергијата. Така, виолетовиот аметист ви помага да се поврзете со сопствената интуиција, розовиот кварц ќе ви го отвори срцето, а лабрадоритот, кој прелева во златна и сина боја ќе ви ги разбистри мислите.

Жолтиот цитрин ја ослободува креативноста, опсидијанот ве прави приземјени, додека проѕирниот горски кристал ви помага да постигнете внатрешен баланс.

Со боите можете да си играте и ако сакате да запалите свеќа. Сината свеќа ви носи мир и хармонија, црвената страст, белата прочистување, виолетовата ви помага духовно да се издигнете, жолтата ви ја буди креативноста, портокаловата желбата за успех.

Розовата свеќа ќе ви донесе љубов, но и сочувство и простување, зелената е симбол на плодност, а кафеавата на приземјеност.

Мирисите, пак, можете да ги внесете со ароматизирани свеќи, со масла, зачини или со мирисливи стапчиња. На пример, мирисот на жалфија ја чисти целата енергија, смреката ве заштитува, коријандерот ве ослободува од негативна енергија, темјанот ве носи во длабока медитација, а ајдучката трева ви ја буди интуицијата.

Пред да почнете да медитирате, добро би било убаво да ја проветрите собата, за да се подобри квалитетот на воздухот, но и да се ослободите од насобраната енергија.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава