2 магични зборчиња кои треба да ги употребувате годинава, со цел да доживеете успех

Доколку сте од оние кои обожаваат мотивациски цитати, се трудат да живеат со позитивен ум и мисла и сметате дека сè што ќе замислите Универзумот ќе пронајде начин да ви го оствари, тогаш следниот совет ќе ви биде особено од корист.

2-magicni-zborcinja-koi-treba-da-gi-upotrebuvate-ovaa-godina-01.jpg

Можеби сте ги запишале вашите нови новогодишни одлуки. Можеби во списокот се повторуваат и дел од минатогодишните кои не успеавте да ги остварите.

Дали си создадовте премногу притисок во однос на нив? Дали сакавте по секоја цена да постигнете успех, се будевте и заспивавте со мислата за остварување на желбите?

Веројатно сте ги започнале пораките со: Ќе го направам тоа… Сакам да го постигнам ова… Морам да успеам…

Сепак, постојат 2 зборчиња коишто ја имаат моќта да му дадат сосема поинаков тек на секој нов ден. И се премногу едноставни.

„Започни повторно“.

Можеби денес не си успеал доследно да го завршиш планираното. Не си ги завршил сите работни обврски, не успеа да стигнеш на вежбање, касна малку повеќе од планираното, не испи доволно вода, не прочита онолку страници колку што планираше, не успеа да се видиш со најблиските… и на крајот од денот се чувствуваш како целосен неуспех.

Но, нема никаква потреба за тоа. Потребно е само да си легнеш со бистра глава, ум непоматен од неуспех, без грижа на совест, а следното утро кога ќе се разбудиш да се потсетиш дека ова е нов ден, секој ден е нов ден, нова шанса за успех и само да си повториш: Започни повторно.

И навистина, нека секој ден е нов ден за одново започнување на нештата. Сè додека го имаме тој нов ден, тоа ново утро да ги повториме овие зборови, ќе имаме сè што ќе посакаме.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg