Трите негативни емоции кои ве спречуваат да го смените животот на подобро

Луѓето се емоционални битија кои секојдневно искажуваат или задржуваат за себе низа емоции, дел здрави, но добар дел и негативни за нив.

trite-negativni-emocii-koi-ve-sprechuvaat-da-go-smenite-zhivotot-na-podobro-01.jpg

Некогаш тоа е завидливоста, некогаш неограничените аспирации, некогаш желба да поседуваат нешто што не е нивно. За среќа, со малку повеќе дисциплина, може да се заштитите од негативните емоции.

Но, пред да го направите тоа, обидете се да препознаете дали некоја од овие три емоции ве спречува да напредувате:

Самосожалување

Иако во основа е негативна емоција, во одредени дози има и бенефити за вас. Понекогаш е добра за да можете постепено да се соочувате со вистината, но генерално, ве прави неспособни за напорна работа.

Обвинувањето на другите за вашата несреќа ви дава лажно чувство на супериорност. Замислете, вие ја држите во раце фирмата која се распаѓа, храните семејство во лошо општество и ги преживувате сите непогоди. Треба аплауз?

Верувале или не, многумина го прават тоа. Секој сака малку сожалување, но не треба да се претерува со тоа. Што ако сите почнат наеднаш да се сожалуваат? Што ќе стане? Време е да се промените по тоа прашање.

trite-negativni-emocii-koi-ve-sprechuvaat-da-go-smenite-zhivotot-na-podobro-02.jpg

Љубомора

Ако нечив успех прави да се чувствувате лошо, треба да го „убиете“ во себе нагонот да ги дискредитирате неговите резултати. Тоа само прави вас да ви биде подобро пред себе и никако не влијае врз другите.

Зошто наместо да се воодушевуваме на успешните, ние им љубомориме?

Некогаш овие емоции се навистина добри и прават да се чувствуваме добро, но на подолг рок, тие се вистински отров за вас.

trite-negativni-emocii-koi-ve-sprechuvaat-da-go-smenite-zhivotot-na-podobro-03.jpg

Неодговорност

Сите сакаме да бидеме мрзливи на ден или два, но не треба секој ден да ја избираме полесната патека. Размислете зошто се појавила таа мрза? Најчесто, тоа се случува кога треба да направиме нешто што тешко ни паѓа.

Но, тоа не смее да биде изговор. Кога е во прашање следењето на сонот, нема извинувања, туку само работа.

Зошто ве „фаќа“ мрза кога треба да направите нешто за себе? Размислете убаво, бидејќи одговорот го имате само вие.

Како да си помогнете?

Најпрво, треба да знаете што ги предизвикува ваквите емоции кај вас. Прифатете ги одговорите, колку и да не ви се допаѓаат. Само на тој начин можете да го прекинете маѓепсаниот круг и да станете подобра верзија од себе.

Секако, не очекувајте дека секогаш ќе можете да дадете 100% од себе, но верувајте во своите таленти, интелигенцијата и во тоа дека сте му потребни на овој свет.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава