Старомодни традиции за забава кои може и денес да бидат интересни


Старомодни традиции за забава кои може и денес да бидат интересни

Забавите некогаш и забавите сега имаат и доста сличности, но и во многу нешта се разликуваат. Некогаш, луѓето на забавите биле поповрзани отколку сега.

staromodni-tradicii-za-zabavi-koi-mozhe-i-denes-da-bidat-interesni-001.jpg 

Тоа се должи на неколку традиции кои денеска би биле етикетирани како старомодни, но тогаш навистина давале шмек на забавата.

Забавувањето во минатото било доста поинакво од денешново, но целта била иста - креирање на спомени кои никогаш нема да бидат заборавени.

Тогаш се почитувале и применувале многу интересни традиции, а вие може да се инспирирате од нив за претстојната забава:

Слушање плочи

Во денешно време е реткост да се најде функционален грамофон во секој дом, но порано сите имале, па се собирале друштва за да ги преслушуваат новите плочи.

Сепак, доколку се случи да имате грамофон, на следната забава кај вас слушајте ги плочите. Доколку немате, секогаш можете да го поканите друштвото на преслушување на новиот албум на вашиот омилен изведувач во дигитален формат.

Забави со дрес-код

Некогаш било навистина актуелно домаќинот да одреди со каква облека, евентуално костум, да дојдат гостите. Ова автоматски значело дека присутните ќе имаат барем една заедничка тема на дискусија во текот на целата вечер.

А замислете колку би било денеска интересно, кога такви фотки би се појавиле на Инстаграм или Снепчет.

staromodni-tradicii-za-zabavi-koi-mozhe-i-denes-da-bidat-interesni-03.jpg

Испраќање покани

Некогаш немало можност да се направи групна порака или настан на Фејсбук и да се поканат оние кои сакаме да присуствуваат на нашата забава. Затоа, се изработувале покани во форма на картички, најчесто напишани со ракопис, со податоци за забавата.

Ако сакате да бидете уникатни, направете го и вие тоа. Сигурно уште долго ќе се памети вашата забава.

Играње асоцијации и пантомима

Луѓето во минатото знаеле каде лежи добрата смеа. За време на асоцијациите и пантомимата нема кој не се забавува, а и самата игра може да биде доста смешна и да бидете сигурни дека гостите ќе паметат дека добро си поминале.

Секако, во играта можете да вклучите и по некој пијалак или храна, но дефинитивно треба да ги воведете асоцијациите и пантомимата во својата традиција на забави.

staromodni-tradicii-za-zabavi-koi-mozhe-i-denes-da-bidat-interesni-02.jpg

Поставување на масата

Наместо да ја поставите пред да дојдат гостите, задолжете ги секој да донесе по нешто, во рамки на своите можности, а кога ќе дојдат организирајте заедничко поставување на масата.

Ова иако се чини како незначајна активност, може да резултира со многу забава и смеа, како и со договор следниот пат да го правите тоа многу поорганизирано.

Испраќање картички за благодарност

Во минатото домаќините пишувале картички за благодарност на своите гости, кои присуствувале на забавата. Во денешно време ова можете да го направите и преку социјалните мрежи, но сигурно поголема сентиментална вредност ќе има порака напишана рачно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 начини за подобрување на животот во 8 денови Успешните и амбициозни луѓе живеат по уникатен збир на правила. Тие собираат иск...
Искрени, одговорни и точно знаат што сакаат - кои се карактеристиките ... Што е неодоливо кај една жена? Некои ќе кажат насмевката, други очите, трети тел...
Денес бидете љубезни - 10 начини да си го подобрите расположението со ... Непланираните, случајни љубезни дела не само што ќе ви го разубават денот, туку ...